Пребарување

Папата Фрањо во базиликата Свети Петар по повод 93 Светската мисиска недела Папата Фрањо во базиликата Свети Петар по повод 93 Светската мисиска недела 

Папата: Браќата не смеат да се избираат, туку треба да се прегрнуваат

На светата Литургија во базиликата Свети Петар по повод 93 Светска мисиска недела, папата Фрањо истакна дека христијанинот е оној кој со љубов оди во пресрет на сите затоа што посланието не е товар кој треба да се поднесе, туку дар кој треба да се дарува.

Браќата не смеат да се избираат, туку треба да се прегрнат – рече папата Фрањо на светата Литургија која ја служеше во базиликата Свети Петар по повод 93 Светски мисиски ден фокусирајќи се на три збора: гора, да се искачуваш, сите. Гората е местото на кој Бог сака да се сретне со целото човештво – рече Папата и објасни, тоа е местото на Божјата средба со нас, како што тоа го покажува Библијата од Синај до Кармел се до Исус кој блаженствата ги објавува на гората и се преобразува на гората Тавор; животот свој го дава на Голгота и на небото се вознесува на Маслиновата гора. Гората е место на големи средби на Бог и човекот и место каде Исус во молитвата поминува часови, за да ја обедини земјата со небото односно нас, своите браќа со Отецот.

Гората ни пoкажува дека сме повикани да се приближиме на Бог и на другите – рече Светиот Отец и истакна: Повикани сме во тишина и молитва да се приближиме до Севишниот Бог, избегнувајќи озборување и трачеви кои онечистуваат. Но, и на другите кои од горе се гледаат во друга перспектива односно во Божја, која ги повикува сите народи. Другите од горе се гледаат како целина и одгоре откриваме дека само целината дава хармонија на убавината. Гората нѐ потсетува дека браќата и сестрите не смеат да се избираат, туку да се прегрнат со погледот и посебно со животот.

Гората Бог и браќата ги поврзува во прегратката на молитвата – рече папата Фрањо и продолжи:  Гората нѐ води кон горе, далеку од многу материјални работи кои поминуваат; нѐ повикува да го откриеме важното, она што останува: Бог и браќата. Посланието започнува на гората. Таму се открива она што е важно. Во фокусот на овој мисионерски месец се прашуваме: Што е за нас важно во животот? Кои се тие врвови кон кои се стремиме?

Не сме родени за да стоиме на земјата и да се задоволиме со „рамница“, родени сме за да достигнуваме висини односно да се среќаваме со Бог и браќата – рече Папата и напомена: Но за тоа е потребно да се искачуваш. Потребно е да го оставиш хоризонталниот начин на живот, да се бориш против себичноста и токму да излезеш од своето ЈАС. Заради тоа искачувањето бара труд, но тоа е единствениот начин за сѐ подобро да го гледаме, како кога одиме во планина, каде само од врвот можеме да го имаме најубавиот поглед и сфаќаме дека тоа не можело да се достигне, освен по патот кој оди по нагорен пат.

Како во планините кога не можеме да се искачуваме ако сме оптеретени со работи, така и во животот треба да се ослободиме од она што не е потребно – рече Светиот Отец и додаде: Тоа е тајна и послание. За да тргнеме многу треба да оставиме и за да навестиме треба од многу да се откажеме. Веродостојното навестување не се состои од убави зборови, туку од добар живот; живот со служење кој знае да се откажува од многу материјални работи кои срцето го прават мали, кои нас нѐ прават рамнодушни и нѐ затвораат во себе; тоа е живот кој се одвојува од бескорисни работи кои го затрупуваат срцето и наоѓа време за Бог и за другите.

Господ знае дека често тврдоглаво повторуваме: Тие се мои работи, наши луѓе, наша заедница – рече папата Фрањо и истакна: Затоа не се изморува да ни повторува на сите. На сите затоа што никој не е исклучен од Неговото срце и од Неговото спасение; сите за да оди нашето срце над човечките граници и партикуларизми засновани на себичноста која на Бог не му е мила. На сите затоа што секој е скапоцено богатство, а смислата на животот е на другите да им се дарува тоа богатство. Тоа е послание; на гората се искачува и се моли за сите, а од горе се симнува за на сите да им бидеме дар.

Христијанинот секогаш е во движење и секогаш мора да излегува – рече Папата и протолкува: Имено „одите“ е Исусов евангелски императив. Секојдневно се среќаваме со многу луѓе затоа можеме да се запрашаме: Дали одиме во пресрет на тие луѓе? Дали го извршуваме Исусовиот повик или се занимаваме со своите работи? Сите нешто очекуваат од другите, христијанинот оди во пресрет на другите. Исусовиот сведок никогаш не мисли дека другите му должат почитување, туку чувствува дека е должен љубовта да ја даде на оние кои не го познаваат Господ.

Исусовиот сведок на сите им оди во пресрет не само на своите во својата група – рече Светиот Отец и потсети: Исус и на вас ви кажува, одете, не ја пропуштајте приликата за сведоштво. Браќа и сестри, Господ од вас очекува сведоштво кое никој наместо вас не може да го даде. Нека небото ви помогне да препознаете кој е тој Исусов збор или порака која Бог преку вашиот живот сака да ја пренесе на светот. На тој начин вашето скапоцено послание нема да биде загубено.

За да одиме кон сите, Господ ни дава упатство: направете ги ученици! – рече папата Фрањо и напомена: Но не свои, туку Негови ученици. Црквата добро навестува само ако живее како ученичка. Ученикот секој ден го следи Учителот и радоста на учењето го дели со другите. Но, не со освојување, присила и прозелитизам, туку со сведоштво, ставајќи се на исто ниво учесници со ученици, дарувајќи ја со љубов она љубов која сме ја примиле. Тоа е посланието: Чистиот воздух на големите висини да се дарува на оние кои живеат потопени во загадувањето на светот; на земјата да се донесе оној мир кој секој пат кога Исус го среќаваме на гората односно во молитвата нѐ исполнува со радост; покажувајќи со животот и со зборовите дека Бог сите ги љуби и никогаш од никого не се откажува.

Секој од нас има свое послание на земјата. Овде сме за да сведочиме, благословуваме, да тешиме, да ја подигнуваме и пренесуваме Исусовата убавина. Храбро, Он очекува многу од вас! Господ има еден вид на вознемиреност заради оние кои сѐ уште не знаат дека се љубени деца на Отецот, браќа за кои го дал животот и на кој го дарувал Светиот Дух. Сакате ли да ја ублажите Исусовата вознемиреност? Одете со љубов во пресрет на сите, затоа што вашиот живот е скапоцено послание; не е товар која мора да го поднесувате, туку дар кој треба да го дарувате. Храбро без страв да одиме кон сите – заврши Папата.

21 октомври 2019, 16:54