Пребарување

Папа Фрањо на бдението со младите во Мадагаскар Папа Фрањо на бдението со младите во Мадагаскар 

Сто илјади млади на бдение со Папата во Мадагаскар

Вториот ден од апостолската посета на папата Фрањо на Мадагаскар заврши со молитвеното бдение со младите во огромниот простор во епархијата Антананариво, недалеку од главниот град.

Исполнет сум со радост – рече папата Фрањо, што ќе можам да го доживеам со вас ова молитвено бдение, на кое нѐ повикува Господ Исус.“ Oткако го слушна сведоштвото на двајца млади Рова Ситрака и Вави Елиса, Папата рече: Исусовиот ученик, ако сака да го засилува пријателството со Него, не треба да биде неподвижен, да се жали и да гледа само на себе. Треба да се движи, да дејствува, да се ангажира, уверен дека Господ го поддржува и придружува. Затоа ми се допаѓа да ги видам младите како народ кој бара.“

Папата Фрањо на собраните млади на бдението ги повика на ангажирање за ближниот и на заедништво. Преку вас доаѓа иднината на Мадагаскар и на Црквата, но притоа никогаш не смеете да се изолирате или да сакате сѐ да работите сами затоа што тоа е најтешкото искушение, предупреди Светиот Отец.

Во тешките животни прилики многумина се обидуваат да ве заспијат, затупат или замолчат. Верата пак нуди секогаш нов хоризонт, но Исус притоа бара бестрашност и подготвеност да ги извалкате рацете, истакна Папата до младите и ги праша: Можели татковината, можели Мадагаскар да смета на вас? (...)

Папата Фрањо својот говор до младите го заврши со молитва: „Сите сме едно големо семејство и можеме да откриеме, драги млади, дека имаме една Мајка: заштитничка на Мадагаскар, Дева Марија. Секогаш сум бил воодушевен од силата на тоа „ДА“ на младата Марија. Таа беше една млада жена како вас. Денес, таа девојка е Мајка, Која бдее над своите чеда, кои чекорат по патот на животот често изморени, во потреба, но кои сакаат светлината на надежта да не изгасне. Тоа го сакаме за Мадагаскар, за секој еден од вас и за вашите пријатели: Да не згаснува светлината на надежта.“

Бдението со младите беше во форма вообичаена за прослава на Светски ден на млади, по поздравот на локалниот епископ за млади Фулгенка Разакаривоња, се изменуваа сведоштва и музички точки.

08 септември 2019, 17:11