Пребарување

Папата се сретна со членови на Католичката унија на италијанскиот печат Папата се сретна со членови на Католичката унија на италијанскиот печат 

Папата до италијанските новинари: Пренесувајте добри вести и разоткривајте ги лажните зборови

На 23 септември 2019 година, папата Фрањо прими во аудиенција 170 новинари членови на Католичката унија на италијанскиот печат и ги поттикна да го даваат гласот на оние кои го немаат; да знаат да ги разликуваат човечките од оние нечовечките, да работат за општествена поврзаност и најмногу да ја зборуваат вистината по секоја цена.

Новинарството кое сака да биде во согласност со учителството на Црквата како што е она на Католичката унија на италијанскиот печат, треба да го имате ентузијазмот за животот на луѓето, да ги разликувате човечките одлуки од нечовечките, да работите со цел општествена поврзаност и најмногу за да ја кажете вистината по секоја цена, без зависност од моќта и откривајќи ги лажните и погубни зборови – им рече папата Фрањо на членовите на спомнатата унија, кои ги прими во аудиенција по повод 60 годишнината од основањето на тоа здружение.

Папата пред сѐ го истакна заедничкиот повик на здружението кое во статутот е опишано како професионално и црковно. Затоа треба да се пронајде сила и вдахновение во служењето на луѓето, во Евангелието и во учителството на Црквата.

Поттикнувајќи ги да продолжат да го извршуваат тоа послание, Папата на присутните новинари им рече силата да ја црпат од корените од кои се родени, односно од верата, ентузијазмот кон животот на луѓето и грижата за антрополошката и етичката димензија на комуникацијата. За да ја обновите својата усогласеност со учителството на Црвата, ве повикувам да бидете гласот на совеста на новинарството кое е способно да го разликува доброто од злото и човечките одлуки од оние нечовечките. Денес овде е збрката, не се разликуваат; вие треба да помогнете во тоа. Новинар кој е хроничар на историјата повикан е да го реконструира сеќавањето на настаните, работејќи со цел општествена поврзаност, да се каже вистината по секоја цена – рече Папата и додаде: Постои и одредена отвореност односно храброст на новинарот која никогаш не е арогантна туку директна.

Тоа исто така значи – според зборовите на Папата, да бидете слободни пред читателите. Среде многу празни зборови во комуникацијата потребни се вистинските зборови. Во тоа имате голема одговорност; вашите зборови проповедаат на светот и го обликуваат, вашите приказни можат да создадат простори на слобода или ропство, одговорност или зависност од моќта. Колку пати новинарот сака да оди по тој пат, но зад себе има управа која му кажува што може да се објавува, а што не, па целата таа вистина управата ја разгледува во финансиска смисла и на крајот го објавува она што не е вистинито, што не е убаво и што не е добро – рече Папата.

Од големиот број ваши претходници научивте дека само со употребата на зборовите мир, праведност и солидарност, доследно посведочени можат да се градат поправедни и посолидарни општества. За жал важи и спротивното – напомена и ги поттикна католичките новинари да го дадат својот придонес за да се разоткриваат лажните и погубни зборови. Во времето на интернетот задачата на новинарот е да се пронајдат веродостојни извори и да ги стави во контекст, да ги протолкува и да ги стави во хиерархија. Притоа Светиот Отец го даде веќе познатиот пример, кој се наоѓа во апостолскиот поттик „Evangelii Gaudium“, истакнувајќи дека кога заради студ на улицата умира еден човек, тоа не е вест; а ако на берзата само малку падне вредноста на акцијата за тоа говорат сите новински агенции.

Не плашете се да го обрнете редоследот на вестите за да дадете глас на оние кои го немаат; или да кажувате за реални, добри вести кои создаваат општествено пријателство. Ви благодарам затоа што се ангажирате за да работите за тоа, исто така со документите како што е енцикликата „Laudato si“ која не е еколошка, туку социјална енциклика која промовира нов модел на интегрален човеков развој – истакна Папата.

24 септември 2019, 08:43