Пребарување

Папата на молитвата Ангел Господов на 1 Септември 2019 Папата на молитвата Ангел Господов на 1 Септември 2019 

Папата остана 25 минути во блокираниот лифт

Папата Фрањо денешната молитва Ангел Господов ја започна со задоцнување, извинувајќи се при што објасни дека тој останал заглавен во лифтот 25 минути. Благодарение на помошта од пожарникарите, сè се заврши успешно.

Папата Фрањо ја започна неделната молитва со зборовите: „Морам да се извинам за доцнењето, но имаше еден инцидент: Бев заглавен во лифтот 25 минути!“ Имаше пад на напонот и лифтот запре. Фала му на Бога, пожарникарите дојдоа - многу им благодарам! По 25 минути работа, тие повторно го активираа лифтот. Аплауз за пожарникарите!“ Со овие зборови, папата Фрањо на 1 Септември 2019 година им се обрати на присутните на плоштадот „Свети Петар“ во Рим пред неделната молитва Ангел Господов.

01 септември 2019, 18:31