Пребарување

Во октомври папата Фрањо најави конзисториум за именување нови кардинали Во октомври папата Фрањо најави конзисториум за именување нови кардинали 

Папата Фрањо најави конзисториум за именување 13 нови кардинали

Светиот Отец по завршувањето на пладневниот говор во недела 1 Септември 2019 година за време на молитвата Ангел Господов најави конзисториум за именување нови кардинали, кој ќе се одржи на 5 Октомври 2019 година. Земјите од кои доаѓаат идните кардинали го покажува мисионерскиот повик на Црквата – рече Папата.

После молитвата Ангел Господ папата Фрањо потсети дека на 1 Септември се одржува Светскиот ден на молитва за грижа на созданието, и тоа е екуменска молитва, која побудува свест и ангажирање за заштита на нашиот заеднички дом, поаѓајќи од одржлив личен и семеен стил на живот. Од денес па до 4 Септември, празникот на свети Фрањо од Асизи, е погодно време за благодарност на Бог за сѐ што е создадено и за преземање одговорност пред крикот на Земјата – напомена Папата.

Светиот Отец исто така напомена дека во среда ќе отпатува на Апостолско патување во Африка и ќе ги посети жителите на Мозамбик, Мадагаскар и Маурициус и ги поттикна присутните поклоници да го придружуваат со молитва како таа Апостолска посета би ги донела посакуваните плодови.

На крајот најави дек на 5 Октомври 2019 година ќе се одржи конзисториум за именување на 13 нови кардинали, од кои 10 со право да бираат Папа. Земјите од кои доаѓаат го покажуваат мисионерскиот повик на Црквата, која и понатаму на сите луѓе на планетата им навестува за милосрдната Божја љубов – истакна Папата.

Меѓу идните кардинали се бискупот Мигел Анхел Ајус Гиксот, претседател на Папскиот совет за меѓурелигиски дијалог; монсињор. Хозе Толентино до Калачо де Мендончу, архивар и библиотекар на Светата Римска Црква и отец Михаил Черни, заменик секретар на Одделот за миграција во Дикастеријата за промовирање на целосен човечки развој. Други идни кардинали доаѓаат од Индонезија, Куба, Демократска Република Конго, Луксембург, Гватемала, Италија, Мароко, Велика Британија, Литванија и Ангола.

02 септември 2019, 10:33