Vatican News
Папата Фрањо за врема на молитвата Ангел Господов, 15 Септември 2019 година Папата Фрањо за врема на молитвата Ангел Господов, 15 Септември 2019 година  (Vatican Media)

Папата Фрањо: Со Бог ниту еден грев го нема последниот збор

Евангелието од неделната Литургија прикажува некои луѓе кои го критикуваат Исус: Гледајќи го во друштво со цариник и грешник со презир велат: „Овој прима грешници и јаде со нив.” Таа реченица се покажува како одлична најава - истакна папата Фрањо пред молитвата Ангел Господов и напомена. Исус ги прима грешниците и ги повикува на својата трпеза.

Со Бог ниту еден грев го нема последниот збор – рече папата Фрањо на 15 Септември 2019 година пред молитвата Ангел Господов, осврнувајќи се на евангелието од неделната Литиргија. Тоа е она што со нас се случува на секоја Литургија во црквата; Исус е среќен што нѐ прима на својата трпеза каде самиот се дарува за нас. Оваа реченица би можело да ја напишеме на вратата од нашите цркви „Тука Исус ги прима грешниците и ги повикува на својата трпеза“.

Господ им одговори на оние кои го критикуваа, кажувајќи им три прекрасни параболи, кои ја покажуваат неговата лична наклонетост кон оние кои се чувствуваат далечни од Него – рече Папата и продолжи: Во првата вели: Кој од вас, имајќи сто овци, кога загуби една од нив, не ќе ги остави деведесет и деветте во пустината и не ќе тргне по загубената, додека не ја најде? Кој од вас? Разумен човек тоа не го прави; кога ќе направи пресметка една овца жртвува за да ги сочува деведесет и деветте.

Меѓутоа Бог не се помирува со тоа, на срце му се токму оние кои не ја познаваат убавината на неговата љубов, кои сѐ уште го немаат ставено во центар на својот живот и кои не успеваат да го надминат својот грев – рече Светиот Отец и додаде: Тие во втората парабола се драхмата која Госпсд не сака да ја загуби, и ја бара без престан. Сакам да кажам дека се скапоцени и единствени во Неговите очи. Никој не може да ги замени во Божјото срце. Во третата пак парабола Бог е Отец кој чека да се врати распаниот син. Бог нѐ чека, не се изморува и не паѓа со духот.

Ние сме, и секој од нас, е тој син, кој повторно го прегрнува, таа драхма која повторно ја најде и таа овца која е милувана и повторно ставена на рамењата – рече Папата и напомена: Секој ден чека како би биле свесни на Неговата љубов. Некој ќе каже: Но имам многу лошо направено! Не плаши се! Бог ве љуби и знае дека само Неговата љубов може да го промени вашиот живот.

Но таа бескрајна љубов кон нас грешниците, која е срце на евангелието, може да биде отфрлена – рече Светиот Отец и предупреди: Тоа е она што го направи постариот син од параболата. Во тој момент не ја разбира љубовта, повеќе гледа како на господар отколку како на татко. Постои опасност и ние да веруваме во Бог, кој повеќе е строг, отколку милосрден и кој злото го победува со сила, отколку со простување. Бог спасува со љубовта, не со сила; давајќи се, а не да се наметнува. Но постариот син кој не го прифати милосрдието на Отецот, направи голема грешка.

Се смета за праведен и сите ги суди врз основа на својата праведност – рече Папата и додаде: Така се налути на братот и го прекорува својот татко: Кога дојде овој твој син, што го упропасти својот имот со блудници, за него ти закла угоено теле. Вели: Овој твој син, не вика мојот брат, туку твојот син. И ние грешиме кога веруваме дека сме праведни, кога мислиме дека другите се зли. Не веруваме дека сме добри, затоа што сами, без помошта од Бог кој е добар, не можеме да го победиме злото. Како се победува злото? Прифаќајќи го Божјото простување.

Секој пат кога одиме да се исповедиме, ја примаме љубовта на Отецот, кој го победува нашиот грев; повеќе го нема, Бог го заборава. А не како ние кои откако сме кажале „ништо“, со првата прилика се сеќаваме на претрпената неправда и сакаме тоа да го наплатиме. Не, Бог го уништува злото, нѐ обновува одвнатре и така дава во нас повторно да се роди радоста. Храбро, со Бог ниту еден грев го нема последниот збор. Богородица, која ги решава проблемите во животот, нека нѐ ослободи од умислено верување дека сме праведни и нека ни помогне да ја почувствуваме потребата да одиме кај Господ кој нѐ чека за да ни прости – рече на крајот Папата.

15 септември 2019, 21:41