Папата Фрањо и членови на Италијанското онколошко здружение Папата Фрањо и членови на Италијанското онколошко здружение 

Папата Фрањо: Болниот човек не е трошок

Барајте надеж и истрајте да бидете блиску до болните – го поттикна Папата Италијанското онколошко здружение и напомена, колкава е горчината пред одлуката за смртта; евтаназијата не е знак на слобода.

Работите за медицинска култура и практика која е внимателна кон вредноста на секој човек, спротивно од светот кој често е воден од конфликтите на секое подрачје на човечкиот соживот, во кој евтаназијата само привидно ја стимулира личната слобода – ги поттикна папата Фрањо членовите на Италијанското онколошко здружение кои ги прими во аудиенција на 2 септември заедно со неколку пациенти.

Ова непрофитно здружение од 1973 година поттикнува истражувања и превенција во областа на здравството, заземајќи се за подобрување на дијагнозите и лекувањето и развивајќи осовременување и оспособување на лекари и други работници на подрачјето на онкологијата. Папата потсети на онкологијата на милосрдието затоа што напорот лекувањето да се прилагоди на секој човек покажува внимание не само кон болеста, туку и кон болниот и неговите карактеристики, на начин на кој реагира на лековите, на најтажните вести и на страдањето. Онколог од таков вид оди понатаму од обичната примена на протоколот и открива употреба на технологија која е во служба на човекот.

Внимание кон човечката личност се остварува и преку придружување на болниот и на неговите блиски во сите фази од лекувањето обидувајќи се да го ублажи трпењето со палијативна грижа, овозможувајќи семејна атмосфера. Никогаш не ја губете волјата заради неразбирањето на кое би можеле да наидете или пред предлозите на радикалните и брзите патишта – рече Светиот Отец и истакна: Ако се избере смртта, проблемите се решени; но колку има горчина зад таквото размислување и какво отфрлање на надежта вклучува одлуката за откажување од сѐ и прекинување на сите врски! Сите работи се знаат и сѐ може да се протолкува и да се реши, но само надежта станува сокриена. Мора да ја побараме надежта и начинот на кој да се даде во крајните случаи. (...)

Имено најдобра превенција е здрава атмосфера и начин на живот кој го почитува човечкото тело и неговите закони – рече Папата и потсети: Како што знаеме, тоа не зависи само од личниот избор, туку и од местата во кои се живее; посебно големите центри заради ритамот на животот и изложувањето на загадувањето, подложување на телото на постојан стрес. Тоа нѐ поттикнува да се грижиме за животната средина, за нашиот заеднички дом кој мора да го почитуваме за тој во свое време да нѐ почитува нас. Заштитата на животната средина и борбата против туморот стануваат две лица на ист проблем.

Исус кој во одредена смисла е лекар, кој Отецот го испраќа да го лекува човештвото, е вашиот колега нека го поттикне секој од вас да биде блиску до оние кои страдаат, посебно децата и да давате предност на слабите за похумано општество и односи исполнети со бесплатност – заврши Светиот Отец.

03 септември 2019, 12:34