Пребарување

Vatican News
Да го бараме Божјото присуство Да го бараме Божјото присуство 

Папата на Твитер: Помогни ни Оче, да го бараме она неминливото, Твојата присутност

Папата Фрањо во твитер порака, го моли Господ да ни помогне да ја бараме Неговата присутност која е неминлива. Освен тоа, го именува новиот марсејски надбискуп митрополит; станува збор за монс. Жан-Марк Авелин, роден во Алжир.

Покрај многуте работи кои поминуваат, а кои нè мачат, помогни ни Оче, да го бараме она што останува: Твојата присутност и онаа на нашиот брат – напиша папата Фрањо во твитер порака, која ја објави на 8 август 2019 година потсетувајќи така на зборовите кои ги упати за време на молитвата Оче наш во новата православна катедрала во Букурешт, на 31 мај оваа година, за време на апостолската посета на Романија. Колку пати во молитвата се ограничуваме само на барањето на дарови и редење на барања, заборавајќи дека најважно е да се слави Твоето име, да Ти се поклонуваме, за да можеме во личноста на братот, кој си го ставил покрај нас, да го препознаеме Твојот жив одраз – истакна тогаш Светиот Отец. 

„Оче наш“ не е молитва која смирува, туку таа е крик пред недостатокот на љубов во нашето време, пред индивидуализмот и рамнодушноста кои го обесчестуваат Твоето име, Оче. Помогни ни да бидеме гладни за себедарувањето – истакна папата Фрањо. Размислувајќи за поедините повици во Оче наш, Папата го повика Отецот да ни помогне да не го судиме братот за неговите дела и неговите ограничувања, туку да го прифатиме пред сè како Негово дете. Отецот, Кој е на небесата, Го молеше, освен тоа, за хармонијата која на земјата не знаеме да ја чуваме. Да го молиме тоа преку застапувањето на бројните браќа и сестри во верата кои пребиваат на небесата откако верувале, сакале и многу трепеле, па и денес, само затоа што се христијани – рече папата Фрањо.

Светиот Отец, освен тоа, го именува монс. Жан-Марк Авелин за нов надбискуп митрополит на Марсеј. На таа должност го наследува надбискупот Георг Понтиер, кој во мај наполни 76 години, па папата Фрањо го прифати неговото повлекување од пасторалната служба. Новиот надбискуп е роден во Алжир, а во Марсеј живее од 1966 година. Црквата во Марсеј ме подготвуваше и доведе до верата – рече надбискупот Авелин во разговор за Радио Ватикан и додаде дека поради тоа пред сè сака да се заблагодари на Црквата во Марсеј и нејзините верници и свештеници. Новиот надбискуп му се заблагодари на монс. Понтиер, од кој – како што рече – ја научи епископската работа. Ќе видиме затоа што нè чека; треба цврсто да се држиме за раката на Христос и на стадото и да се продолжи да се оди напред  – рече надбискупот Авелин.

09 август 2019, 08:16