Пребарување

Насловната страница на книгата „Навала од народни движења: Rerum Novarum на нашето време“ со предговор на Папата Насловната страница на книгата „Навала од народни движења: Rerum Novarum на нашето време“ со предговор на Папата 

Папата: Народните движења се сила за општествена преобразба

Папата Фрањо го напиша предговорот на книгата „Навала од народни движења: Rerum Novarum на нашето време“, која ја објави Ватиканската издавачка куќа.

Тоа е збирка на трудови настаната низ пет години и илјадници здруженија и народни движења, кои се сила на општествената преобразба и кои се борат за модел на праведен и вклучив развој.

Големата вредност и предизвиците на стотици здруженија кои се борат во светот против исклученоста, е централна тема на предговорот, кој папата Фрањо го напиша за книгата „Навала од народни движења: Rerum Novarum на нашето време“, а ја објави Ватиканската издавачка куќа. Ова издание е уредено од Папската комисија за Латинска Америка, која ќе биде промовирана во септември и во себе ги обединува главните настапи на Светските средби на кои од 2014 година се собраа илјадници претставници на народните движења на различни краеви од американскиот континент.

Папата го започнува своето размислување истакнувајќи дека оние кои живеат на територијалните и егзистенцијалните периферии не се само сектор на население до кое треба да се дојде како Црква, туку се „семе и гранка кои се како синапово зрно и можат да донесат многу плод“, затоа што се сфаќаат како „лост за голема општествена преобразба“. Затоа тие не се пасивни фактори или едноставни приматели на социјална помош, кои мора да се предадат на размислувањето за тоа дека општествените елити управуваат со светскиот поредок, туку се вистински протагонисти, фактори за иднината на човештвото, чија „мирна побуна“ смета на Папската солидарност.

Светиот Отец во тој склоп на општествени движења кои имаат транснационално и транскултурално обележје, го препозна „повеќекратниот модел“ на кој се повикува во својот Апостолски поттик ‘Радост на Евангелието’ (број 2), а кој се состои од општествени обрасци втемелени на културата на средби.

За папата Фрањо таа плуралност на движења, чии искуства во борбата за правда се појавуваат во книгата се „голема општествена алтернатива, силен крик, знак на спротивставување, надеж дека ‘сѐ може да се промени’. Нивниот начин на спротивставување на владеачкиот модел, преку сведоштво на работата и страдањето, ги открива како ‘чувари’ на подбра иднина.

Повторното нагласување на своето уверување дека денешното човештво се соочува со епохални промени, кои се одбележани со страв, ксенофобија и расизам, Папата напомена дека народните движења може да бидат извор за морална сила за обнова на нашата демократија. Имено, во глобалното општество, рането од економијата, која сѐ повеќе е далеку од етиката, тие општествени реалности може да дејствуваат како противотров против популизмот и политичкиот спектакл затоа што воведуваат чувство на учество на граѓаните со позитивна свест за другиот – напиша Папата и додаде: Тоа е последица на промовирање на ‘силата НИЕ’, која се спротивставува на културата која во центарот е ЈАС.

На крајот Светиот Отец истакна дека човечката работа е едно од оние свети права кои мора да се чува во секоја личност. Пред налетите на новолибералните и новодржавните тези кои ги гушат луѓето и притискаат во нивните работни искуства, Папата повика на нов хуманизам, кој ќе ја запре неписменоста на сочувства и помрачување на културата и сфаќањето за општо добро кое сѐ повеќе се шири.

21 август 2019, 08:38