Cerca

Vatican News
Папата Фрањо моли за настраданите од поплавите во Индија Папата Фрањо моли за настраданите од поплавите во Индија  (ANSA)

Папата Фрањо моли за Индија

Папата Фрањо е длабоко ожалостен за жртвите од монсунот, кој минатите денови ги погодија индиските дражави Керала, Марнатака, Махарштру и Гијарат

Соединувајќи се со болките со сите кои ги загубија домовите и средствата за живот, во пораката која во име на Папата ја испрати државниот секретар, кардинал Пиетро Паролин, Светиот Отец изразува сочуство до роднините на починатите и ранетите. Освен тоа, се моли за напорите за спасување, кои се во тек, а за целиот народ моли за Божји благослов, сила и истрајност.

Состојбата во југозападните индиски сојузни држави се влошува од час во час. Според последните информации, добиени од индиските власти, во поплавите и одроните загинаа 190 лица, а повеќе од еден милон се евакуирани. Како што пренесува агенцијата Азија њуз, бискупот на Белгаум и апостолски администратор на Карвара во Карантака, монсињор Дерек Фернандес, рече дека ги има посетено само  прифатните кампови за бегалци во покраината Чикоди, затоа што другите подрачја не се пристапни.

Состојбата посебно е тешка во Керала. Властите наредиле на војската да формира единици за помош и со подобрани да достават храна на изолираните заедници. Операцијата за спасување и давање помош продолжува без прекин во сите поплавени подрачја – рече монсињор Фернандес и додаде дека организациите на Католичката црква се на првата линија за давање помош и утеха.

13 август 2019, 08:38