Cerca

Vatican News
Папата Фрањо за време на молитвата Ангел Господов Папата Фрањо за време на молитвата Ангел Господов  (ANSA)

Папата: Материјалните добра ни користат, но само ако ги делиме

Материјалните добра ни користат, но само ако ги делиме – рече папата Фрањо во недела 2 август 2019 година пред пладневната молитва Ангел Господов на плоштадот Свети Петар во Ватикан. Говорот на Папата го пренесуваме во целост.

Драги браќа и сестри!

Денешното Евангелие (сп. Лука 12,13-21) започнува со бтоа како еден човек од мноштвото пристапува кај Исус и бара од Него правно да го реши прашањето со семејното наследство. Но Тој во одговорот не зборува за тоа прашање, туку повикува да се пазиме од лакомоста, односно до алчноста за поседување. За да ги одврати своите слушатели од оваа бесомачна потрага за богатство, Исус ја кажува параболата за безумниот богат човек, кој мисли дека е среќен затоа што родот една година му бил посебно богат и се чувствува сигурен заради насобраните добра. Убаво е денес да ја прочитате таа парабола, се наоѓа во 12 поглавје од свети Лука, од ред 13. Убава парабола, која многу нѐ учи. Во параболата, имено наоѓаме жив контраст помеѓу она што богатиот човек планира и она што Бог го подготвува.

Богатиот човек пред својата душа, односно самиот себе става три размислувања: мноштвото насобрани добра, многу години за кои му изгледа дека ќе му бидат обезбедени тие добра и трето, спокој и голема благосостојба (ред 19). Но зборовите кои му ги упати Бог ги поништуваат тие негови планови. Наместо „многу години“, Бог укажува на многу брзу време: „Ноќеска ќе ти ја побарам душата твоја“. Наместо да ужива во животот, пред него е полагањето сметка пред Бог за својот живот, со пресуда која има и последици. Што се однесува до многуте насобрани добра на кои богатиот човек се надеваше, се поставува саркастично прашање: Тоа, што си го приготвил, кому ќе му остане? Да се потсетиме на борбата за наследство; многу семејни борби и многу луѓе, сите знаеме некој таков случај, кои започнува да се појавуваат во моментот на смрт: Внуците доаѓаат да видат „што е мое? И земаат сѐ.

Токму во таа спротивност лежи оправданоста на именката „безумниче“ – затоа што мисли на работите за кои мисли дека се конкретни, а тие се замислени – со кои Бог се обраќа на човекот. Тој е безумен затоа што во пракса го негира Бог, не „сметал директно“ на Него.

Заклучокот од параболата, формулиран од евангелистот, се одликува со единствена делотворност: „Така бива со оној што собира добра за себе, а не се богати во Бога.” Тоа е опомена која го открива хоризонтот на кој сме повикани да гледаме.

Материјалните добра се неопходни – тоа се добра! Но тие се средство и служат за да се живее пристојно и да се дели со оние во потреба. Исус денес нѐ повикува да сфатиме дека богатството може да го зароби срцето и да го одврати од вистинското богаство кое е на небо.

На тоа нѐ потсетува свети Павле во денешното второ читање: „Барајте го она што е горе ... мислете за небесното, а не за земното“ (Колосјаните 3,1-2)

Се разбира дека тоа не значи да се отуѓиме од реалноста, туку да се бараат работи кои имаат вистинска вредност: правда, солидарност, прифаќање, братство, мир, сѐ она што претставува вистинско човечко достоинство. Се работи за тоа да тежнееме по остварен живот не според световниот стил, туку според евангелскиот: да се љуби Бог со целото наше битие и да се љуби ближниот како што Исус љуби, односно со служење и себедарување.

Лакомоста за добра, желба за поседувње на добра не го заситува срцето, туку напротив го доведува до уште поголема глад. Лакомоста е како оние убавите бонбони: земеш еден и велиш: „О, колку е добар!“, па земеш друг и едниот влече на уште еден. Таква е лакомоста, никогаш не се заситува. Бидете внимателни! Љубовта која се сфаќа и живее на овој начин е извор на вистинска среќа, додека неумереното тежнеење за материјални добра и богатства често е извор на проблеми, непријателства, проневери, војни. Многу војни започнуваат поради незаситената желба.

Нека Дева Марија ни помогне да не дозволиме да не маѓепса сигурноста која произлегува од таквите богатства, туку секој ден да бидеме веродостојни сведоци на вечните вредности на евангелието.

04 август 2019, 21:12