Cerca

Vatican News
Папата упати видео порака до учесниците на индонезискиот национален мисиски конгрес Папата упати видео порака до учесниците на индонезискиот национален мисиски конгрес  

Папата до учесниците на индонезискиот мисиски конгрес: Христијанинот секогаш оди напред

Папата Фрањо упати видео порака по повод почетокот на индонезискиот Национален мисиски конгрес, кој се одржува од 1 до 4 август во Џакарта, на тема: „Крстен и пратен“. Го живееме крштението во приватниот простор, но и како квасец во општеството, како би ја шириле Исусовата порака – истакнува папата Фрањо во видео пораката.

Кога сме крстени го примаме Светиот Дух, кој е богатство; ја примаме Исусовата порака, го примаме Евангелието во себе. Кога некој има нешто убаво и е занесен од тоа, чувствува поттик да го пренесе тоа и да го даде на другите. Крстен и пратен се зборови кои треба да бидат зборови водилки на тој конгрес. Прашајте се: Како го живеам своето крштение? Во личниот живот, но и како квасец, општествен квасец, во општеството, како би ја носеле Исусовата порака – поттикна Светиот Отец.

Размислувајќи пак за зборот „пратен“, папата Фрањо истакна дека христијанинот секогаш оди напред и како што вели Библијата, не сме луѓе кои одат назад; луѓе сме кои секогаш одат напред. Кога некој оди назад, не е христијанин. Христијанинот оди напред – истакна Папата. Тоа значи да се биде пратен. Светиот Дух ме поттикнува да одам напред. Затоа напред, храбро, секогаш напред: крстени и пратени. Молете се за тоа, како Богородица би ве чувала и ви помогне да одите напред. И исто така молете за мене – рече на крајот папата Фрањо.

03 август 2019, 10:23