Пребарување

Vatican News
Папата Фрањо со младите во Куба (2015) Папата Фрањо со младите во Куба (2015) 

Папата до младите Кубанци: Бидете ученици мисионери како другите би можеле да го откријат Исус

Кубанските граѓански власти одбија да дадат дозвола на бискупиите за активности на јавни простори, со исклучок на надбискупијата Сантијаго

Продолжете трпеливо по примерот на Марија, Господовата верна служителка, живеејќи ја радоста која се раѓа по средбата со Исус Христос, и како сведоци на воскресението; дозволете да ве преобрази во ученици мисионери како многу млади би можеле да ја откријат присутноста на Господ Исус, да го слушаат неговиот повик, да растат во Неговото пријателство и на тој начин да го живеат животот одбележан со верност и милосрдие – напиша папата Фрањо во пораката која ја потпиша неговиот државен секретар, кардинал Пиетро Паролин и ја упати до надбискупот на Сантијаго Де Куба, монсињор Дионисиј Гарсија Ибањез, а по повод 2. Национален ден на младите, кој се славеше во Куба на 1 август 2019 година.

Во пораката Папата срдечно ги поздравува организаторите и сите млади учесници, молејќи го Господ, преку застапништвото на Пресвета Богородица на милосрдната љубов од Кобре, заштитничка на тој карипски остров, со својата бескрајна љубов да ги штити младите Кубанци.

Денот на младите кој поради моменталната економска криза на почетокот од јули требаше да се организира со средби на епархиско ниво, со одлука на надбискупијата Сантијаго Де Куба и во договор со Кубанската епископска конференција ја променија програмата. Имено кубанските граѓански власти одбија да им дадат дозволи на бискупиите за активности на јавни простори, со исклучок на надбискупијата Сантијаго. Надбискупот Динисиј Гарсија Ибањез во пригодно писмо на почетокот од настанот објасни дека она што се случи ги поттикна сите уште повеќе да се ангажираат како би ги оствариле зацртаните цели и во настаните да се открие Божјата присутност.

03 август 2019, 10:20