Молитвена накана на Папата за септември 2019
Океаните го претставуваат најголемиот дел водена површина на нашата планета како и најголемата разноликост на живите суштества. Опстанокот на многу од нив денес од различни причини е загрозен. Созданието е проект на Божјата љубов кон човекот. Солидарноста со „заедничкиот дом“ произлегува од самата наша вера. Овој месец да се молиме политичарите, научниците и економистите заедно да делуваат за заштита на морињата и океаните, повика Папата во својата порака на Твитер.
Секоја година повеќе од 8 милиони тони пластика се фрла во океаните, што причинува покрај многу работи и смрт на скоро 100.000 растителни и животински видови. Загадувањето на морињата со пластика е глобален проблем кој бара заедничка одговорност и заеднички пристап. Во своите „Цели за одржлив развој“ Обединетите нации поставија различни цели за справување со таа ситуација, признавајќи дека морињата и океаните обезбедуваат основни природни ресурси како храна, лекови, биогорива и други продукти.
Во недела на 1 септември започнува иницијативата „Времето на созданието“: христијаните се обединети во заштитата на заедничкиот дом.