Cerca

Vatican News
Пјер и Вивијан, родителите на Винцент Ламберт Пјер и Вивијан, родителите на Винцент Ламберт 

Папата преку Твитер повика на молитва за напуштените болни

Во Твитер пораката на папата Фрањо на 10 јули 2019 година, која ја објави на Твитер профилот @Pontifex повторно истакнува дека некое општество е хумано, ако го штити секој живот, не бирајќи кој треба да живее, а кој не

Да молиме за болните, кои се напуштени и препуштени на смртта. Некое општество е хумано ако го заштитува животот, секој живот, од зачетокот до неговиот природен крај, не бирајќи дали треба или не треба да живее. Некои лекари му служат на животот, некои го одземаат – напиша папата Фрањо.

Оваа Твитер порак на папата Фрањо е објавена во моментите кога Винцент Ламберт умира од глад и жед. Тој 42 годишен француски болничар, во вегетативна состојба или со минимална свест после сообраќајна несреќа која ја имал во 2008 година, лежи во универзитетската болница во Реимс. Персоналот на болницата на 2 јули повторно ја прекина храната и водата, после правната борба, која доби меѓународна димензија.

Париз не го прифаќа барањето на ОН

Франција на крајот одлучи да не го земе во предвид апелот на Одборот на Обединетите нации за правата на лица со инвалидитет, која побара шест месеци време за размислување за случајот. Конвенцијата на ОН за правата на лица со инвалидитет – која ја ратификува и Париз, но за француските власти таа „не е обврзувачка“ – во членот 25. се истакнува дека е потребно да се преземат сите одговарачки мерки како на немоќните лица би им се гарантирало пристап до здравствени услуги (...) вклучувајќи и рехабилитација и да се спречи дискриминирачкото одбивање на лекарска помош и грижа од страна на здравствените установи.

Непочитувањето ражалостува

Родителите на Винцент со обвинуваат: Се убива немоќно лице кое не е на крајот од животот, тоа е евтаназија. А во Франција евтаназијата е забранета. Тагата на мајката и таткото кои сведочат за програмираното умирање на нивниот син, е уште поголема поради критиките, па дури и навредите од некои сектори, кои ја занемаруваат нивната болка, нарекувајќи ги „католици интегралисти“.

Да не се попушта пред културата на отфрлање

Веќе на 20 мај кога лекарите започнаа да го прекинуваат доводот со храна и вода, а кој потоа повторно е воспоставен по одлуката на Апелациониот суд, Папата испрати Твитер порака во која повика на молитва за тешко болните. Секогаш да го чуваме животот, тој е Божји дар, од зачнувањето па сѐ до природниот крај. Да не попуштиме пред културата на отфрлање – напиша Папата.

Светиот Престол: давањето храна и вода е неизбежна должност кон болниот

На крајот потсетуваме и за заедничкото соопштение за тој случај кое го составија кардинал Кевин Фарел, префект на Диакстеријата за лаици, семејство и живот и бискупот Винченцо Паглија, претседател на Папската академија за живот, во кое се истакнува дека со прекинување на доводот за храна и вода се предизвикува тешко кршење на достоинството на лицето. Освен тоа, го осудија ставот на оние кои одржувањето во живот на Винцент го нарекоа неразумна упорност.

11 јули 2019, 09:58