Папата изрази сочувство по повод смртта на кардинал Сарди
Благодарам на Бог за примерното сведочење на благопокојниот кардинал, кој најголем дел од својот живот го стави во служба на Светиот Престол - овие зборови на благодарност и признание папата ги посвети на кардинал Паоло Сарди.
Во телеграмата упатена до господин Пиетро Анџело Сарди, Папата своето сочуство го изрази и до бискупската заедница во Аквија и ја истакна теолошката стручност на кардиналот, неговите дарови на досетливост и мудрост, применети во марлива и дискретна работа, при што даде вреден придонес на учителството на свети Павле VI и Иван Павле I, свети Иван Павле II и Бенедикт XVI.
Мојата молитва се придружува на оние бројни верници кои секојдневно пристапуваа на олтарот на ватиканската базилика на кој тој славеше света Литургија. Секогаш верен на своето епископско мото: „Esto vigilans“ (Биди буден) беше добар и внимателен слуга – напиша на крајот папата Фрањо.