Папата изрази сочуство до семејството на жртвите настрадани во руската подморница
Светиот Отец изрази сочуство и близина со семејствата на жртвите и оние кои се погодени од трагедицијата на руската подморница – соопшти привремениот директор на Канцеларијата за печат при Светиот Престол, Алесандро Џизоти.
Пожарот кој изби додека подморнициата била во руски територијални води, предизвика смрт на четирнинаесет морнари. Таа подморница која се користи за научни истражувања на многу големи длабочини, сега се наоѓа на северот од Русија, во воената база Северморск. Рускиот претседател Владимир Путин, откажувајќи ги сите свои планирани обврски, свика итен состанок со министерот за одбрана. На крајот од состанокот претседателот Путин рече дека е голема загуба и побара истрага која треба да утврди за причината