Пребарување

Папата Фрањо со рускиот претседател Путин Папата Фрањо со рускиот претседател Путин 

Папата Фрањо го прими во аудиенција рускиот претседател

Оваа средба беше трета по ред помеѓу папата Фрањо и претседателот Путин

На 4 јули 2019 година папата Фрањо во аудиенција го прими претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин. Средбата и приватниот разговор се одржаа во просториите на Библиотеката во Апостолската палата, откако рускиот претседатеl пристигна кратко пред 14.00 часот, после својот министер за надворешnи работи Сергеј Лавров.

На крајот од аудиенцијата со Светиот Отец и по размената на дарови, следуваше средба со Папскиот државен секретар, кардинал Питеро Паролин, како и со секретарот за односи со државите, надбискупот Паул Галагер.

Оваа средба е трета по ред помеѓу папата Фрањо и претседателот Путин – претходните се одржаа во 2013 и 2015 година.

05 јули 2019, 10:06