Пребарување

Надбискупот Фултон Шин наскоро ќе биде прогласен за блажен Надбискупот Фултон Шин наскоро ќе биде прогласен за блажен 

Надбискупот Фултон Шин наскоро ќе биде прогласен за блажен

Папата Фрањо на 5 јули 2019 одобри декретот на Конгрегацијата за прогласување на светци да го прогласи чудото кое се припишува по застапништво на слугата Божји Фултон Шин, еден од првите телевизиски проповедници

На 5 јули 2019 година папата Фрањо во аудиенција го прими префектот на Конгрегацијата за прогласување на светци, кардинал Анџело Бекиу. За време на аудиенцијата Папата ги одобри декретите со кои се признаваат чуда и хреојски крепости на осум слуги и слугинки Божји, објави Канцеларијата за печат при Светиот Престол. Во еден од одобрените декрети се признава чудо кое се препишува дека е преку застапништво на Божјиот слуга, бискупот Фултон Шин, титуларен бискуп на Њупорт и некогашен бискуп во Рочестер.

Фултон Шин е роден на 8 мај 1895 година во Ел Пасо во Илионис, САД. На 24 години е ракоположен за свештеник, а потоа докторира теологија во Рим, Веднаш се враќа во САД каде го започнува своето послание, најпрво како парох во едно предградие. Од 1926 до 1950 година предава филозофија на Католичкиот универзитет во Вашингтон. Во 1930 година по барање на американската радио станица НБЦ, учествува секоја недела на радио емисија насловена „Католички час“. Во 1950 година, неговиот јасен и разбирлив јазик допира до телевизиските гледачи. Неговата емисија како телевизиски проповедник започнува со емисија на НБЦ „Се исплати да се живее“. Емисијата секој ден ја следеле повеќе од 30 милиони гледачи. Во 1950 година е именуван за национален директор на Друштвото за ширење на верата. Започнува со многу патувања во Азија Африка и Океанија. На 11 јуни 1951 година е хиротонисан за бискуп, а во 1966 година е именуван за бискуп на Рочестер. Умира на 9 декември 1979 година во Њујорк.

06 јули 2019, 13:29