На 8 јули Папата Фрањо ќе служи света Литургија за мигрантите
Светата Литургија со почеток во 11.00 часот е се служи во базиликата Свети Петар во Ватикан, На неа ќе се моли за покојните мигранти, преживеаните и оние кои им помагаат. На светата Литургија ќе присуствуваат 250 мигранти, бегалци и лица вклучени во спасување на мигранти. Ватиканскиот медиусмки центар ќе врши директен пренос, но не е предивдено присуство на новинари во базиликата. Папата сака на светата Литургија да владее најголема можна собраност и молитва за оние кои ги изгубиле животите бегајќи од војни, беда, но и за да се поттикнат оние, кои секој ден се трудат да им помогнат, придружуват и прифаќаат мигранти и бегалци.
Папата Фрањо италијанскиот осторв Лампедуса на 8 јули 2013 година. Овој остров е честа дестинација на бројни илегални мигранти на нивниот пат за Европа.