Cerca

Vatican News
Молитвената накана на Папата за месец јули е за интегритет на правдата Молитвената накана на Папата за месец јули е за интегритет на правдата  (ANSA)

Молитвената накана на Папата за месец јули е за интегритет на пр

Молитвената накана на папата Фрањо за месец јули е посветена на судиите, судовите и адвокатите, кои спроведуваат правда во целиот свет

Да се молиме за сите кои се грижат за правдата, да работат со интегритет и неправдата на овој свет да го нема последниот збор – тоа е молитвената накана на папата Фрањо за месец јули, посветена на судиите, судовите и адвокатите, кои спроведуваат правда во целиот свет. Од судиите зависат одлуките кои влијаат на човечките права и имот, и нивната независност мора да се држи подалеку од пристрасноста и притисоците, кои можат да влијаат на одлуките кои мора да ги донесуваат – истакнува папата Фрањо во пораката која ја пренесе Светската молитвена мрежа.

Посебно злото на корупција во правосудството влијае на мирен и напреден соживот меѓу луѓето и народите, затоа Светиот Отец е загрижен за раните кои ги предизивикува во општественото ткиво – пишува во наканата на Папската светска молитвена мрежа, која исто така ја наведува Конвенцијата на Обединетите нации против корупција од 2014 година, имено интегритетот на правдата е една од главните жртви на корупцијата, која многу ги погодува најсиромашните, затоа што подржува нееднаквост.

09 јули 2019, 13:56