Cerca

Vatican News
Папата на средба со претставниците на Унијата за помош на Источните цркви Папата на средба со претставниците на Унијата за помош на Источните цркви  (Vatican Media)

Папата Фрањо: Следната година сакам да го посетам Ирак

Папата ја повика Унијата за помош на Источните Цркви посилно да се ангажираат за делата на милосрдие

По повод 92. Пленарно собрание на Унијата за помош на Источните Цркви, кое ќе се одржи на 12 јуни 2019 година, папата Фрањо ден претходно ги прими во аудиенција учесниците, повикувајќи ги посилно да се ангажираат за делата на милосрдие како со отворено срце и ум, поради мирот и напредокот, би сееле надеж меѓу младите.

Уште еднаш со жалење мислам на тешката ситуација во Сирија, на густите облаци кои на некои подрачја изгледаат и погусти, на тамошната опасност од уште поголема хуманитарна криза која и понатаму останува сериозна – рече Папата и предупреди: Оние кои гладуваат, кои се без лекарска грижа, кои не одат на училиште, сирачињата, ранетите и вдовиците, тие го подигаат својот глас. Станува збор за повик кој не го слушаат луѓето, но го слуша Бог кој е ранет од омразата и насилството, кој како татко нѐ штити и води нежно и силно, може да се спротивстави, кој е потресен и се погрижи за нив.

Исто така често пати мислам на Божјиот гнев кој ќе се дигне на оние кои се одговорни во земјите кои зборуваат за мир, а продаваат оружје, како би ги поттикнувале тие војни – рече Папата и напомена: Тоа лицемерие е грев. Постојано ме следи и мислата за Ирак, каде што сакам наредната година да појдам, таа земја да може да гледа напред преку мирно и заедничко учество во изградбата на општите добра за сите делови од општеството, па и оние верските, и да не паднат во напнатост кои произлегуваат од бескрајните судири меѓу силите во тие краишта.

Не ја заборавам ниту Украина и сакам да може нејзиното население да најде мир, чии што рани предизвикани од судирите, се обидов да ги ублажам со каритативни иницијативи во кои учествуваат и многу црковни организации – рече Папата и продолжи: Се надевам дека и во Светата Земја неодамнешната објава за втората фаза од обновата на Светиот Гроб, во која учествуваат сите христијански заедници, ќе биде проследена со искрени напори на сите локални и меѓународни фактори како би се постигнал што поскоро мирен соживот со почитување на сите кои живеат таму, што за сите е знак на Божји благослов.

Повикуваат и луѓето натоварени на бродовите, кои се во потрга по надеж, не знаејќи кое пристаниште во Европа ќе ги прими, меѓутоа тие пристаништа ги отвораат пристаништата за бродови на кои товарат софистицирано и скапо оружје, способно да предизвика уништувања, кои не ги штедат ниту децата – рече Папата и додаде: Тоа е лицемерието за кое зборував, но покрај болката секогаш има надеж и утеха. Со своите дела на милосрдие Унијата за помош на Источните Цркви го покажува лицето на Црквата и го одржува да биде живо, посебно негувајќи ја надежта меѓу младите генерации.

На неодамнешната синода исто така се виде храброста на многу млади, воодушевени од навестувањето на Христос, кои го следат без страв. Тоа се младите од Етиопија и Еритреја, кои после потпишувањето на мировниот договор помеѓу тие две земји, живеат искрено братство со почит кон секој – рече Светиот Отец и повика на проучување на документите кои ги потпиша во Абу Даби заедно со големиот имам на џамијата Ал – Ахзар, кој е добар сојуз за иднината на човештвото и за зачувување на работите како што се училиштата и универзитетите, како што се тие во Либан, кои се вистински работилници за соживот и човечност, на кои можат сите да пристапат.

Ве молам да продолжите и да ја зголемите вашата ангажираност во земјите и условите во кои ги подржувате младите луѓе, како би можеле да растат во човечноста, слободни од идеолошка колонизација, отворени срца и ум, почитувајќи ги националните и црковните корени, посакувајќи иднина во мир и напредок, кој не дозволува никој да заостанува или да биде дискриминиран – рече на крајот папата Фрањо.

11 јуни 2019, 08:39