Папата повика на молитва за Судан Папата повика на молитва за Судан 

Во пладневиот говор папата Фрањо повика на молитва за Судан

Да молиме за тој народ, како би запрело насилството и преку дијалог да се бара заедничкото добро

Вчера во Краков, Полска е одржана благодарна свеченост за потврдата да чествува блажениот Михал Гидроиц, на која учествуваа полски и литвански епископи – рече папата Фрањо на 9 јуни, пред молитвата Ангел Господов и истакна: Тој настан ги поттикнува Полјаците и Литванците да ги зајакнат своите врски во знакот на верата и почитувањето на блажениот Михал, кој живеел во петнаесетиот век во Краков како пример за понизност и евангелска љубов.

Вестите кои овие денови ги примаме од Судан предизвикуваат тага и загриженост – рече Папата и апелираше: Да молиме за тој народ како би запрело насилството и преку дијалог да се бара заедничкото добро.

На крајот Светиот Отец ги поздрави поклониците кои учествуваа на прославата на празникот Духовден и ги охрабри послушно да се отворат за делувањето на Светиот Дух, сведочејќи во светот, во различноста на харизмата, слика за братство и заедништво.

10 јуни 2019, 14:07