Пребарување

Прес конференција во авионот на враќање од Романија Прес конференција во авионот на враќање од Романија  

Папата: Молете Европа да се врати на идеите од своите основачи

Кога постојат судири, треба да владеат односи на испружена рака. Различните народи и вероисповеди мора да се приближат, да се слушаат едни со други – истакна Папата

Европа нека се врати на идеите од своите основачи – истакна папата Фрањо на прес конференцијата во авионот на враќање од Романија. На почетокот од разговорот со новинарите Папата спомна за „Денот на социјалните комуникации“., кој се слави во неделата после празникот Вознесение Господово. Тој ден ве повикува вас, мислам на вас кои работите за средствата за социјална комуникација, вашите соработници и затоа морате да бидете сведоци на комуникацијата - рече Папата. Денес комуникацијата генерално назадува, а напредува контактот. Се остваруваат контакти, но нема комуникација. Според своето звање сте сведоци на комуникација, морате да воспоставувате контакти, но морате и да комуницирате, и помалку да се бавите со контакти, а повеќе да комуницирате.

Новинарите ги интересираше и односите меѓу католиците и православните, како и односите меѓу различните народи. Во врска со тоа Папата истакна дека кога постојат судири, треба да владеат односи на испружена рака. Различните народи и вероисповеди мора да се приближат, да се слушаат едни со други – истакна Папата. Екуменизмот не значи да се дојде до крајот на натпреварот; се остварува одејќи и тоа заедно. Постои екуменизам на сведоштво, екуменизам на крв и екуменизам на сиромашните. Тоа значи да се работи заедно како би можеле да им помогнеме на сиромашните, болните и оние кои умираат; да одиме заедно и да не чекаме теолозите да се договорат кога ќе може заеднички да се пристапува на причест.

Морам да ви признаам дека за време на посетата на православната катедрала во Букурешт, не молчев, туку молев „Оче наш“ на италијански – рече Папата одговарајќи на прашањето зошто заедно не молеле “Оче наш“. На тоа Папата додаде: Видов дека повеќето луѓе молат. Луѓето одат чекор понапред од нас лидерите, кои мораме да внимаваме на дипломатската рамнотежа како би гарантирале дека одиме заедно. Добро е да се запази тоа за да не се уништат работите, но народот моли заедно, но и ние кога сме сами. Да се зборува дека православните се еретици, тое е застарена работа. Молев „Оче наш“ за католиците и за православните. Не гледав во патријархот Даниил, но верувам дека и тој го направи истото.

Одговорајаќи на прашање за својот претходник, папата Фрањо рече дека секогаш кога оди да го посети почесниот папа Бенедикт XVI го доживува како дедо и корен од кој што излегува сок. Многу е бистар, кога го слушам станувам силен и ми помага да одам понатаму. Ја чувствувам традицијата на Црквата која не е музеј. Традицијата е корен кој дава сок да растеме и да даваме плодови. Традицијата на Црквата секогаш е во движење и не го чува пепелот во кој сакаат да се вратат интегралистите. Традицијата се корените кои гарантираат дека стеблото ќе расте, ќе цвета и ќа даде плод. Кога дедовците и бабите чувствуваат дека имаат внуци, кои ќе продолжат да го градат животот, почнуваат да сонуваат, и не се потиштетни, затоа што имаат иднина! Младите пак охрабрени од тоа започнуваат да пророкуваат и го градат животот.

На прашањето за братството и заедничкото чекорење, Папата рече дека Европа не смее да каже снајдете се и продолжете понатаму. Сите ние сме одговорни за Европската унија и претседавањето со Европската унија не е само формалност, туку одговорност која ја има секоја земја членка. Ако Европа нема да биде голема пред предизвиците за иднината, ќе пропадне. Веќе реков дека Европа како мајка станува баба. Дали ќе се случи крајот на нешто што започна пред повеќе од 70 години? Потребно е повторно да се земе мистиката на основачите, Европа мора да се пронајде и да ги надмине поделбите. Живееме со поделбите во Европа, а тоа не е добро. Вистина е дека секоја земја има свој идентитет и мора да го зачува, но не смее да дозволи да го победат песимизмот и идеологиите. Европа е нападната од идеологии и во неа се создаваат групи. Да размислуваме за поделената Европа, да учиме од нејзината историја и да не се враќаме назад. Се надевам дека Европа ќе се врати на идеите на своите основачи – рече Светиот Отец на крајот од прес конференцијата.

04 јуни 2019, 10:00