Папата Фрањо со рускиот претседател Путин Папата Фрањо со рускиот претседател Путин 

Папата ќе се сретне со Владимир Путин

На 4 јули 2019 година во Ватикан, папата Фрањо ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, објави Светиот Престол

Папата Фрањо на 4 јули 2019 година ќе се сретне со Владимир Путин, во рамки неговата посета на Италија. Тоа ќе биде нивна трета средба, а прва откако Папата се сретна со патријархот на Руската православна црква Кирил во 2016 година.

Папата Фрањо и рускиот претседател Путин прв пат приватно разговарале во 2013 година, за време на кризата во Сирија. Светиот Отец во таа прилика ја нагласи важноста за прекин на насилството и поттикнување на конкретни иницијативи за мирно решавање на судирот. Нивната втора средба беше две години подоцна, во 2015 во библиотеката на Апостолската палата во Ватикан. Разговараа за Украина и ситуацијата на Блискиот Исток. Поврзано со Украина, Светиот Отец тогаш истакна дека е потребна посветеност, како и искрено и сериозно залагање за постигнување на мир. Итноста за остварување на мирот за Блискиот Исток, Сирија и Ирак исто така беше повикот на Папата и предупреди на потребата од конкретно ангажирање на меѓународната заедница, со обезбедување на потребните услови за сите членови на општеството, вклучувајќи ги и верските малцинства, а посебно христијаните.

Рускиот претседател беше примен во аудиенција и од папата Бенедикт XVI. Во 2007 година. Во таа прилика двајцата ги истакнаа добрите односи помеѓу Светиот Престол и Руската Федерација, како и заедничката желба тие и понатаму да се развиваат. И тогаш вниманието беше посветено на Блискиот Исток, проблемот со екстремизмот и нетолеранцијата, кои претставуваат сериозна закана за соживотот на граѓаните. Ја нагласија потребата за зачувување на мирот, важноста од преговорите и мирно решавање на судирите.

06 јуни 2019, 19:38