Пребарување

Папата Фрањо служеше света Литургија во богородичното светилиште во Шумлеу Чук Папата Фрањо служеше света Литургија во богородичното светилиште во Шумлеу Чук 

Папата: Да се преобразат неволјите во нови прилики за заедништво

На вториот ден од своето апостолско патување во Романија, папата Фрањо ги поттикна верниците да бараат помош од Блажена Дева Марија за да ја градат иднината, да одат заедно и да ризикуваат за Евангелието да ја дарува радоста на спасението во единството и во братството и така никој да не заостанува.

да ризикуваме, дозволувајќи Евангелието да биде квасецот кој ќе исполни сѐ и ќе им ја даде на нашите народи радоста на спасението во единството и во братството.

Во проповедта Папата освен тоа ги опиша светилиштата како светотаинско место на Црквата како полска болница, како места каде се наоѓа надежта, места за славења и молитва. Кај Блажена Дева Марија доаѓаме како поклоници – истакна Папата. Таа света Литургија во Шумлеу Чук го одржа богатството на различноста во Романија. Првото читање беше на романски, евагелието на унгарски, а проповедта се преведуваше од италијански на романски и унгарски. Молитвата на верниците беше на унгарски, романски и германски јазик.

Не само на лицата на верницити, туку и по зборовите на надбискупот на Алба Јулија, монс. Ѓорги-Милкоса Јакубини се покажа радоста за посетата на Папата на тоа место кое светиот папа Иван Павле II не можеше во 1999 година да го посети кога ја посети Романија. Вети дека ќе дојде ако се врати во Романија. По дваесет години, Свети Оче Вие го исполнивте тоа ветување – рече надбискупот по што следуваше силен алауз.

01 јуни 2019, 21:32