Пребарување

Папата Фрањо на средба со Фрањевците конвентуалци Папата Фрањо на средба со Фрањевците конвентуалци 

Папата: Градител на мирот може да биде само оној кој има помирено срце

Проповедајте го евангелието,ако треба и со со зборови

Нема мир без помирување, без простување и без милосрдие. Само оној кој има „помирено срце“ може да биде служител на милосрдието и градител на мирот – рече папата Фрањо примајќи на 17 јуни 2019 година околу 150 членови на Генералното собрание на фрањевците конвентуалци, кои ги предводи нивниот министер на заедницата, фра Карлос Троварели.

Потсетувајќи на одобрувањето од Светиот Престол на нивната Конституција и неодамнешното одобрување на новиот Статут, Папата рече дека тие допираат важни елементи од братскиот и мисионерскиот живот; формација, меѓукултурност, заедничко делење и транспарентност во економското управување.

Конституциите изразуваат конкретен начин за наследување на Христос како што тоа го нуди Евангелието, апсолутно правило за живот за сите посветени лица, а посебно за наследниците на свети Фрањо Асишки, кои според своите завети се обврза да живее според светото Евангелие – рече Светиот Отец и додаде: Голем впечаток ми остава советот кој свети Фрањо го упатил на своите браќа: Проповедајте го Евангелието, а ако е потребно и со зборови. Тоа е начинот на живот.

Фрањевскиот живот се раѓа од слушање на Евангелието – рече Папата и продолжи: Евангелието за вас е правило на живот, и вашето послание не е ништо друго, туку живо евангелие, жива егзегеза на Бојото Слово. Евангелието мора да биде ваш прирачник. Слушајте го, молете се над него и според примерот на Марија размислувајте, прифаќајќи го прилагодете го својот живот со Христовиот.

Братството е дар кој треба да се прифати со благодарност – рече Папата и додаде: Тоа е реалност која секогаш е на патот, во изградба, и која бара придонес од сите и во која никој не е исклучен; во неа нема потрошувачи, туку градители. Тоа е реалноста во која може да се живеат патиштатат на постојано учење, отвореност кон другите, меѓусебна размена; тоа е реалноста на прифаќање, отворена и подготвена да следи; реалност во која е можно да се запре во секојдневниот живот како би престојувале во неговата тишина и контемплација и таму да се препознае Божјиот печат.

На тој начин вашиот братски живот во заедницата ќе стане пророштво за Црквата и за светот, како и училиште на заедништво во кое треба да се вежба според примерот на светиот Фрањо – рече Папата и додаде: Тоа е тежок избор затоа што се спротивставува на логиката на светот, која бара успех по секоја цена, сака да ги освои првите места и да се биде почитуван. Свети Фрањо од вас бара да бидете мали според примерот на Исус, кој не дојде за да му се служи, туку да служи. Нека тоа биде единственото ваше тежнеење: да се биде слуга, слуги еден на друг.

Проповедување на мирот подразбира помирување со самите себе, со Бог, со другите и со создаденото. Тоа значи да се живее во мир кој донесува складност. Се работи за помирување кое доаѓа од срцето и се шири во вселената, но во реалноста доаѓа од Божјото срце. Помирување е навестување на мирот, кој ни го остави Исус. Тоа не е отсутност на проблемите, туку доаѓа од Божјата присутност во нас и се покажува во сѐ она што сме, што правиме и зборуваме. Со својот живот бидете гласници  на мирот – рече меѓу другото папата Фрањо.

19 јуни 2019, 12:18