Пребарување

Верниците на Римската бискупија ќе имаат на евхаристиско и духовденско бдение со Папата Верниците на Римската бискупија ќе имаат на евхаристиско и духовденско бдение со Папата 

Верниците од Римската бискупија ќе имаат духовденско бдение со папата Фрањо

Во предвечерјето на празникот Педесетница во сабота 8 јуни 2019 година верниците на Римската бискупија ќе присуствуваат на евхаристиско и духовденско бдение на плоштадот Свети Петар во Ватикан, кое ќе го предводи Светиот Отец

„Со Папата ќе славиме евхаристија со духовденско бдение“ – напиша викарот на Римската бискупија кардинал Анџело Де Донатис до паросите, ѓаконите, монасите, монахињите, одговорните на движењата и здруженијата на верници лаици во бискупијата.

Тоа ќе биде важен момент на заедништво и духовност, истакнува кардинал Де Донатис, коментирајќи дека на крајот од светата Литургија ќе има процесија со икона на Богородица до плоштадот Порта Капена. Оние кои сакаат, потоа ќе може да учествуваат на ноќното поклонение во светилиштето на Божествената љубов.

Оваа саботна средба е уште една етапа од пасторалниот план на бискупијата, која на бискупското собраните го поттикна Светиот Отец на 9 мај во Базиликата Свети Иван Латерански. „Упатствата кои ни ги даде нашиот епископ мора да ги спроведеме во конкретни пасторални дела, кои ни помагаат да поминеме уште една епата од нашиот пат, кој започнува сега и продолжува во текот на целата следна пасторална година“ – истакна кардинал Анџело Де Донатис

06 јуни 2019, 20:01