Пребарување

Папата Фрањо Папата Фрањо 

Папата за еврејско – католичкиот дијалог: Потребна е поголема со

Дијалогот е пат преку кој треба подобро да се запознаеме и да соработуваме, како би направиле атмосфера не само за поднесување, туку и почитување меѓу религиите

Во потрагата преку дијалог никогаш не може да се згреши – рече папата Фрањо, обраќајки се во среда 15 мај 2019 година до учесниците на 24. Меѓународен одбор за католичко – еврејска поврзаност, кој е формиран 1970 година, како платформа за поврзување на Комисијата на Светиот Престол за верски односи со еврејството и Меѓународниот еврејски одбор за меѓурелигиско советување. Средбата се одржува во Рим, во просториите на Италијанската епископска конференција на тема: „Народи, идеи и граници во движење“.

Папата потсети дека еврејско – католичкиот дијалог од соборската декларација 'Nostra Aetate' за односите на Католичката црква со нехристијанските религии, која е објавена 1965 година, дава добри плодови. Меѓусебно го делиме богатото духовно наследство, кое уште повеќе може и мора да биде вреднувано, растејќи во взаемно запознавање, во братство и заедничко ангажирање едни за други –рече Папата и напомена: Во таа смила вашата средба сака да придонесе за развој на таа цел и промовирање на уште поголема соработка.

Добро е да се интересирате и за актуелните прашања како што е односот кон бегалците и барањето начини како да им се помогне; борбата против загрижувачкото повторно појавување на антисемитизмот; размислувањата за прогонството на христијаните во разни делови на светот; ситуацијата на католичко – еврејскиот дијалог во Италија и Израел и можностите на други полиња – рече Светиот Отец и додаде: Сакам да ги охрабрам сите кои професионално се ангажираат во еврејско – католичкиот дијалог, затоа што дијалогот е пат за да се запознаеме подобро и да соработуваме како би создале атмосфера не само на поднесуваме, туку и на почитување меѓу религиите.

Нашата сила е во благоста на средбата, а не во екстремизмот кој денес се појавува во разни делови од светот и води само до судир. Како што потсетува Светото Писмо, лагата е во срцето на оној кој сее зло, а радоста е во срцето на оној кој промовира мир. Вашата средба нека биде средба за мир и Божји благослов, кој ќе ви даде постојаност во благоста и храброст во трпеливоста – рече на крајот папата Фрањо.

16 мај 2019, 08:47