Пребарување

Папата со претставниците на заедницата Браќа на христијанските училишта Папата со претставниците на заедницата Браќа на христијанските училишта  

Папата: Учителството не е само занимање, туку и послание

Наследувајте го занесот кон сиромашните и отфрлените на вашиот основач, свети Иван Крстител од Сале, истакна папата Фрањо на претставниците на заедницата Браќа на христијанските училишта.

Папата Фрањо на 16 мај 2019 година ги прими во аудиенција претставниците на заедницата Браќа на христијанските училишта, нивните соработници и ученици, по повод 300 годишнина од смртта  на нивниот основач, свети Иван Крстител од Сале, заштитник на учителите и ги поттикна да го наследуваат неговиот занес кон последните и отфрлените.

Наследувајте го занесот кон сиромашните и отфрлените на вашиот основач, свети Иван Крстител од Сале, генијален и креативен иноватор во поглед на училиштата, во сфаќањето на наставниците и методите на учење – рече папата Фрањо, обраќајки се на група од околу 3000 членови на Браќата на христијанските училишта..

На аудиенција кај Папата е претставена работата на 35000 монаси и монахињи, 90.000 воспитувачи лаци и милион ученици, кои оваа година слават 300 години од смртта на тој познат француски светец, заштитник на наставниците.

17 мај 2019, 09:09