Папата со чесни сестри Папата со чесни сестри 

Папата за убиената монахиња: Уште една жена го даде својот живот за Исус

Католичката монахиња, сестра Инес Нивес Санчо (77) е пронајдена мртва во понеделник наутро во селото Нола. Во Централноафриканската Република. Со децении локалните девојки ги поучувала одржувајќи им курсеви за шиење

Во поздравите до поклониците од француското говорно подрачје, папата Фрањо за време на Генералната аудиенција на 22 мај 2019 година се спомна на шпанската мисионерка Инес Нивес Санчо, која свирепо е убиена во Централноафриканската Република. Денес сакам со вас да се присетам на 77 годишната сестра Инес Нивес Санчо, која со децении беше воспитувачка на сиромашните девојки, а е убиена на варварски начин во Централноафриканската Република и тоа токму во просториите каде ги учела девојките на шиење. Таа е уште една жена која го дава животот за Исус служејќи  на сиромашните – рече папата Фрањо.

Причините за убиството на сестра Инес не непознати, и уште никој не ја презема одговорноста за тоа злосторство.

23 мај 2019, 08:46