Пребарување

Папата Фрањо го предводеше литургиското славење во катедралата Св. Јосиф во Букурешт Папата Фрањо го предводеше литургиското славење во катедралата Св. Јосиф во Букурешт 

Папата на Литургијата во Букурешт: Тајната на верата е во радоста

На 31 мај 2019 година, на празникот Посета на Блажена Дева Марија, папата Фрањо го предводеше Евхаристиското славење во катедралата „Свети Јосиф“ во Букурешт.

Одењето на Марија од Назарет до куќата на Захарија и Елисавета е првото патување на Марија кое се спомнува во Светото Писмо. Прво од многуте – рече Папата и додаде, ќе оди од Галилеја во Витлеем, ќе бега во Египет за да го спаси детето од Ирод; секоја година за Паха ќе оди во Ерусалим и на крајот ќе го следи Синот до Голгота.

Тие патувања имаа заедничка карактеристика: никогаш не биле лесни и барале храброст и трпение – рече Светиот Отец во присуство на повеќе од 26.000 верници, колку што се собраа во катедралата и пред неа и со Марија погледот до сврте на многу жени, мајки и баби кои во сокриеност, со жртва, самооткажување и посветеност ја обликуваат сегашноста и ткаат соништа за утрешнината.

Коментирајќи ја средбата на Марија и Елисавета, Папата рече дека така се среќаваат младите и старите кои едни на други се способни да го пробудат она најдоброто. Тоа чудо е предизвикано од културата на средба во која никој не е отфрлен или етикетиран, туку напротив секој е баран и потребен за да се види лицето Господово. Светиот Дух нѐ охрабрува да излеземе од нас самите, од нашата затвореност и одвојување за да нѐ научи да гледаме повеќе од надвор и ни даде прилика за другите да зборуваме добро – рече папата Фрањо.

Марија се радува затоа што е носителка на Емануел „Бог со нас“. Без радоста остануваме парализирани, робови на својата жалост – истакна папата Фрањо. (...) Кога живееме во недоверба затоврени во себе, се спротивставуваме на верата затоа што наместо да се чувствуваме како деца за кои Бог прави големи работи, намалуваме сѐ на мерка на нашите проблеми и забораваме дека не сме сираци: имаме Отец меѓу нас, моќен Спасител – рече Папата.

Марија мала и понизна започнува од Божјата величина и без оглед на своите проблеми кои не се мали, останува во радоста затоа што за сѐ Му се доверува на Господ. Таа нѐ потсетува дека Бог секогаш може да направи чудо ако останеме отворени за него и за нашите браќа – рече Светиот Отец и се осврна на големите светци во романската историја, едноставни луѓе кои среде прогоните се доверувале на Бог. Не се доверувале на светот, туку на Господ и така оделе напред.

Би сакал да им се заблагодарам на тие скромни победници, на тие светци кои ни го покажуваат патот – рече папата Фрањо и на крајот ги поттикна присутните како Марија да не се плашат да бидат носители на благословот кој во Романија е потребен. Исто така ги поттикна да бидат промотори на културата на средба која ја побива рамнодушноста и поделбата и овозможува на земјата силно да се покажува Господовото милосрдие.

31 мај 2019, 19:26