Папата: Марија нека ги благослови Бугарија и Северна Македонија
Папата Фрањо се врати вечерта на 7 мај од тридневното апостолско патување во Бугарија и Северна Македонија и во катехезата која ја одржа за време на Генералната аудиенција на 8 мај на плоштадот Свети Петар зборуваше токму за впечатоците од посетата на тие две земји. Во Бугарија на средбата со народот кој е спој помеѓу Средна, Источна и Јужна Европа го водеше сеќавањето на светиот папа Иван XXIII кој бил апостолски нунциј во таа земја.
Со мотото „Pacem in terris“ ги повикав сите да одат по патот на братството и бев радосен што на тој пат можев да направам чекор напред со средбата со патријархот на Бугарската православна Црква Неофит и членовите на Светиот синод – рече Папата и истакна: Вушност како христијани нашиот повик и послание е да бидеме знак и инструмент на единство и тоа можеме да бидеме со помош на Светиот Дух ставајќи го тоа што нè обединува пред она што нас нè поделило и што сè уште нè дели.
Евангелието во Бугарија го донеле свети Кирил и Методиј, така свети Иван Павле II со свети Бенедикт ги прогласи за заштитници на Европа – рече Светиот Отец и продолжи: Тие кои биле со грчко потекло од Солун знаеле креативно да ја користат својата култура за пренесувањето на христијанските пораки на словенските народи. Создале ново писмо со кое ја преведуваат Библијата и литургиските текстови на словенски јазик. Денес исто така ни требаат воодушевени и креативни навестувачи