Папата: Љубовта Божја е поголема од секоја ограниченост
На 5 мај 2019 година папата Фрањо пристигна во апостолска посета на Бугарија. Во попладневните часови на светата Литургија рече дека Евангелието од денешната Литургија помога да се потопиме во радоста на која Господ нè повикува, повикувајќи нè на три реалности кои го карактеризираат нашиот живот како ученици, а тие се: Бог повикува, Бог изненадува и Бог љуби.
Исус го повикува на Петар да го остави своето занимање, а после искуството кое го доживеал со Господ и Неговото навестување на воскресението, Петар заедно со останатите ученици се враќа на поранешниот живот и занимање – рече Папата и истакна, страдањата, разочарувањата и предавствата станале тежок камен кој било тешко да се отстрани од нивните срца. Се чувствувале ранети, тажни и грешни а радосната вест на воскресението сèуште не била вкоренета во нивното срце.
Господ знае колку е силно за нас искушението кое сака да нè врати во поранешниот живот – рече Светиот Отец и продолжи, мрежите на Петар се симбол на носталгијата за минатото и за оние кои ги напуштил. Пред искуството на неуспехот и болката дури и пред фактите дека работите не се случиле како што се надевале, се појавувало секогаш искушението на обесхрабрување и откажување. Разочарувањето и тагата ја нагризуваат секоја надеж. Тоа е безличен прагматизам во секојдневниот живот на Црквата во кој сè наизглед тече со вообичаен тек, а всушност верата сè повеќе слабее и западнува во својата бедна состојба.
Но, токму таму во неуспехот на Петар доаѓа Исус започнува од почеток и му оди во пресрет – рече папата Фрањо и напомена, Господ не чека идеални ситуации и состојба на душата, туку ги создава. Не очекува да сретне луѓе без проблеми, без разочарувањата, гревови и ограничувања. Самиот се соочил со гревот и разочарувањето за да ги сретне сите луѓе и ги повикал да одат понатаму. Кога Го прифаќаме се воздигнуваме и ја прифаќаме својата иднина не како можност туку како реалност. Кога Исусовиот повик го насочува животот, срцето се подмладува.
Бог е Господар на изненадувањата Кој повикува на остварување на изненадувачки работи – рече Папата и додаде, Господ ги повикува учениците со празните мрежи на необичен риболов. Тој им дава самодоверба и ги поттикнува повторно да ризикуваат, ништо не сметајќи за загубено; ја разбива затвореноста, ја враќа храброста која е способна да го надмине сомнежот, недовербата и стравот. Изненадува кога повикува не само да се фрлат мрежите, туку и себе и да се гледа животот со Неговите очи кои „во гревот гледаат деца кои треба да се подигнат; во смртта браќа кои треба да се воскреснат; во разочарувањето срца кои треба да се утешат.“ Господ го љуби вашиот живот и тогаш кога се плашите да го гледате и да го земете во свои раце.
Бог љуби и љубовта е неговиот јазик. Затоа Петар и нас нè поттикнува да зборуваме на истиот јазик. Петар го прифаќа повикот и сфаќа дека да се љуби значи да се престане да се биде во центарот. Не појдува повеќе од себе туку од Исуса. Признава дека е слаб, разбира дека не може да оди понатаму само со своите сили. Се потпира на Господ и на силата на Неговата љубов. Таа е нашата сила која секој ден треба да ја обновуваме. Да се биде христијанин е повик да веруваме дека љубовта Божја е поголема од секое ограничување и грев – заврши Светиот Отец.