Село во Буркина Фасо Село во Буркина Фасо 

Папата изрази жалост заради терористичкиот напад на католичка црква во Буркина Фасо

На северот на Буркина Фасо една група терористи за време на светата Литургија во Дабло уби свештеник и пет верника и после тоа ја запали црква, посведочи локалниот епископ Теофил Наре.

Привремениот директор на Канцеларијата за печат на Светиот Престол Алесандро Џизоти објави порака на Твитер во која стои дека Светиот Отец со тага ја примил веста за нападот на црквата во Дабло, во кој загина свештеник и пет верника и дека се моли за жртвите, за нивните семејства и за целата христијанска заедница во таа земја.

На 12 мај 2019 година во девет часот наутро во парохиската црква Блажен Исидор Бакани во селото Дабло на 90 километри од Каја на северот на земјата само што започнала светата Литургија кога група од 20 вооружени џихадисти ја нападнале заедницата.

За нашата бискупија тоа е големо искушение – рече епископот Теофил Наре за Радио Ватикан и истакна, безбедносната ситуација во тој дел на земјата навистина е неизвесна, но до сега немало такво насилство против една христијанска заедница. Терористи ја опколија црквата, ги фатија луѓето, им ги одземаат мобилните телефони, го убија парохот Симеон и пет луѓе, ја запалија црквата и уште некои важни објекти во селото и ги украда мотороите на верниците со кои побегнаа.

Не знаеме кои се сторителите – вели епископот и напоменува, знаеме дека силите на редот бдеат над нас, но фактот што е убиен свештеник кој овде делуваше пет години, ги вознемирува нашите луѓе. Меѓу нив се младите кои тоа ги обесхрабрува. Навистина сме тажни. Не знаеме сѐ уште што значи тоа што започнаа да ги напаѓаат христијанските заедници. Многу сме загрижени. Тоа не го очекувавме. (...)

13 мај 2019, 22:21