Cerca

Vatican News
Папата со сиромашни лица Папата со сиромашни лица  (ANSA)

Апостолска канцеларија за милостина работи во тишина

Во 2018 година се дадени околу 3,5 милиони евра за оние кои не можеле да платат кирија, сметки за струја и плин, лекови и основни потреби.

Каратативната дејност на Црквата потекнува од апостолско време. Исус вели дека на крајот од животот ќе бидеме судени според љубовта, онаа конкретна и секојдневна (Матеј 25, 31-46). Свети Јаков нѐ потсетува дека верата без дела во себе е мртва: „Каква е ползата, браќа мои, ако некој рече дека има вера, а дела нема? Може ли верата да го спаси? Ако некој брат или сестра се голи и немаат што да јадат, па некој од вас им рече: „Одете си со мир, грејте се и наситете се!”, а не им даде што им е потребно за телото – каква полза? ?“ (Јаков 2,14-16).

Во првите христијански заедници ѓаконите посебно се грижеле за сиромашните. Покасно папите, како римски епископи, ја доверувале задачата за милосрдие на таканаречен делител на милостина. Таа служба за прв пат се појавува во булата на папата Иноцент III., во XIII. Канцеларијата за милостина официјално е формирана во тој период.

Папата Лав XIII., кој прв објавува социјална енциклика со наслов 'Rerum novarum', во 1891, на Канцеларијата за милостина и дава власт да може да дава апостолски благослов преку пергаменти. Ги осудува тешките услови на на ‘бесконечното мноштво на пролетери’, кој биле искористувани од мал број богати луѓе, и ја поттикнал целата Црква да ги подржи сиромашните, кои настанале со индустриската револуција.

Папската Канцеларија за милостина е активна секој ден во тишина; помага народни кујни, управува со амбулантата покрај колонадата на плоштадот Свети Петар, која носи име „Мајка на милосрдието“ и тушеви и берберница за бездомници, како и преноќиште во Виа дел Пенитенциери.

Сегашниот делител на милостината, кардинал Конрад Крејевски се смета за „Папска рака на милосрдието“. Неговата главна задача, како што вели самиот, е во склад со евангелската логика: да ја испразни сметката на Светиот Отец во корист на сиромашните.

17 мај 2019, 08:44