Пребарување

Папата служеше Воскресна Миса на плоштадот Свети Петар

Христос воскресна – навистина воскресна!

Христос воскресна – навистина воскресна. И после 2000 илјади години, радоста и воодушевувањето кое пред празниот гроб го искусиле апостолите Петар и Иван и трите жени со име Марија, се истите чувства со кои и денес претпладне, 21 април 2019 година, ги поттикна мноштвото верници и поклоници од целиот свет да присуствуваат на Воскресната неделна света Миса со Папата на плоштадот Свети Петар.
Папата го предводеше воскресното славење пред базиликата Свети Петар, а започна со обредот 'Resurrexit' (Воскресна), со кој повторно се доживува сведоштвото на Петар за воскресението. Просторот пред олтарот беше украсен со 55 илјади цветови, кои се подарок од Холандија и Словенија.
Три семејства од Шпанија, Франција и Индонезија на олтарот ги донесоа даровите за принесување, а за време на завршната песна Папата уште еднаш се помоли пред дрвената статуа на Богородица со Исус, која е поставена на плоштадот Свети Петар.
 

21 април 2019, 18:03