Папата Фрањо и главниот римски рабин Ди Сегни разменија честитки
Со својот благослов нека ве прати Бог на милосрдието и нека ви подари мир и слога – напиша папата Фрањо во пораката со честитка упатена до главниот римски рабин по повод еврејскиот празник Пасха. Обновувајќи ја, во оваа радосна пригода, пријателската врска и ангажирањето за оние во најголема потреба во нашето општество, го гарантирам својот спомен и ве молам и понатаму да се молете за мене – напиша папата Фрањо.
И рабинот Ди Сегни упати до Папата своја лична честитка. По повод претстојните воскресни празници – стои во рачно напишаната порака – ви благодарам и ви возвраќам на срдечните желби за радост, мир, здравје, како и за зајакнување на плодните односи на пријателство и соработка. Вашите молитви за добро нека бидат прифатени – стои во честитката на рабинот.