Пребарување

Папата Фрањо со членовите на хорот „Ѕуница“ Папата Фрањо со членовите на хорот „Ѕуница“ 

Папата го поздрави членовите на хорот „Ѕуница“

Пред Генералната аудиенција во среда 3 април 2019 година папата Фрањо во малата сала покрај салата Павле VI во Ватикан ги поздрави претставниците од домот за стари лица од Бонхајден – Белгија, кои се грижат за лицата болни од алцхајмер, а кои во своите активности имаат и пејачки хор наречен „Ѕуница“.

Станува збор за група постари лица со дијагноза деменција, алцхајмерова болест, кои секој ден се сретнуваат, молат и присуствуваат на света Литургија. И токму преку заедничкото пеење за време на Литургијата повторно наоѓаат цврста врска со сегашноста одбележана со болеста. Пеењето е нивната терапија.
Нивното складно пеење го воодушеви и Папата. Мислам дека за вас заедничкото пеење е утеха и поткрпеа која помага да го носите товарот на болеста – им рече Светиот Отец и додаде: Ако ги соединиме своите кревкости и ако заемно ги прифатиме, мислам дека тоа е најубавата песна, композиција кој Бог најмногу ја сака.“
Обраќајќи се до вработените од домот за стари лица, Папата истакна: Со вашата нежност, нежноста на сите вас, денес ја исполнивме четвртата Божја заповед: почитувај ги постарите, кои се наше сеќавање. Можеби некој од нив го има изгубено сеќавањето, но тие се симбол за сеќавање на еден народ, тие се корените на вашата татковина, на нашето човештво. Тие се корените, а младите треба да дојдат и да ја земат сржта на тие корени, како би ја одржале цивилизацијата“ – рече Светиот Отец.
 

04 април 2019, 10:59