Пребарување

Цветници – Светски ден на млади Цветници – Светски ден на млади 

Папата ги повика младите да молат Бројаница за мир

Папата Фрањо пред молитвата Ангел Господов се обрати до младите и ги поттикна да го читаат неодамна објавениот Апостолски поттик „Christus vivit" и да молат Света Бројаница за мир.

После светата Литургија на плоштадот Свети Петар, папата Фрањо во пладневниот наговор се обрати до сите млади, потсетувајќи ги на фактот дека денес на бискупско ниво се одбележува Светскиот ден на млади. Светиот Отец ги повика да ги прифатат и во своето секојдневие да ги живеат упатствата од Апостолскиот поттик „Christus vivit", кој е плод на Епископската синода за млади одржана во октомври минатата година. Во тој текст секој од вас може да пронајде плодоносни поттици за сопствениот живот и сопствениот раст во верата и служење на браќата – рече Папата.
На присутните на плоштадот Свети Петар им беа поделни Бројаници од маслиново дрво, изработени во Светата Земја специјално за Светскиот ден на млади во Панама и за денешниот Светски ден. Коментирајќи ја својата желба на присутните да им се подели овој подарок, папата Фрањо ги повика младите и сите останати да молат Бројаница за мир, посебно за мир во Светата Земја и Блискиот Исток. А сега да се обратиме до Дева Марија како би ни помогнала добро да ја живееме Страсната седмица – рече на крајот Светиот Отец и на тој начин ги воведе присутните во молитвата Ангел Господов.
 

14 април 2019, 22:13