Пребарување

Папата се сретна со германските католички и евангелски новинари Папата се сретна со германските католички и евангелски новинари  

Папата Фрањо: Да се даде простор на убавите вести

На средбата со германските католички и евангелски новинари Папата ги поттикна да даваат повеќе простор на добрите вести и објективноста и да тежнеат за точност во информацијата

Разговорот поттикнува разбирање, отвора хоризонти, а средбите создаваат простор за слободна и отворена размена на информации, мислења и анализи – со тие зборови папата Фрањо во четврток 4 април 2019 година ги прими во Ватикан претставниците на Германската епископска конференција, Евангелската Црква во Германија и германските медиуми. Вашата средба е доказ за дијалог помеѓу Црквата и јавната радио-телевизија во Германија – истакна Папата во говорот со кој ги охрабри присутните за нивното ангажирање со цел наместо лажни вести (fake news) а се создава објективност, и да не се шират гласини, да се бара точност, наместо приближно точни наслови.
Овен тоа, Светиот Отец искажа загриженост поради некои ставови кои го оспоруваат правото на живот, поттикнуваат евтаназија, ја негираат општествената еднаквост и не се запазува човечкото достоинство. Во тој контекст одговорност е на јавните медиуми, со помош на Црквата одлучно да се ангажираат за ставовите кои се во корист за скапоцената човечка слобода. На сите вас ви се заблагодарувам за вашата работа. Како новинари личноста ја ставате во центарот на вниманието, со намера да дадете свој придонес за да биде и да остане нивниот живот, достоен. Се надевам дека во вашите вести нема да недостасуваат добри работи, бројни добри вести кои вредат да се пренесат, и кои даваат надеж – рече папата Фрањо.
 

05 април 2019, 09:21