Пребарување

Папата Фрањо на Генерална аудиенција во среда 3 арпил 2019 Папата Фрањо на Генерална аудиенција во среда 3 арпил 2019 

Генерална аудиенција: Да се служи значи да се градат мостови

Само оној кој повторно е роден и живее во прегратките на Отецот, може во светот да биде слуга на надежта

Постојат многу религии и сите гледаат во небо, гледаат во Бога. Тоа го дозволи Отецот небесен и затоа не смееме да се плашиме од разликите, туку мораме да работиме за братство, посебно со децата на Авраам како што сме ние и муслиманите – рече папата Фрањо за време на Генералната аудиенција во среда 3 април 2019 година на плоштадот Свети Петар во Ватикан. Во таа прилика Светиот Отец зборуваше за значењето на Апостолското патување во Мароко, како уште еден чекор на патот кон дијалог и средба.
Тоа беше поклонение по стапките на свети Фрањо и свети Иван Павле II. Имено, Фрањо од Асизи пред 800 години донесе порака на мирот и братство до султанот Ал - Малик ал – Камил, додека во 1985 година светиот папа Иван Павле II го посети Мароко откако претходно во Ватикан го прими кралот Хасан II. Да се служи на неджта – истакна папата Фрањо во катехезата – во време какво што е нашето, значи пред сѐ да се градат мостови помеѓу цивилизациите.
Потсетувајќи се на некои важни меѓународни самити кои во последните неколку години се одржаа во таа земја, заедно со кралот Мухамед VI ја истакнавме важната улога на религиите во одбраната на човечкото достоинство и промовирање на мирот, правдата и грижата за создаденото, односно за нашиот заеднички дом – рече Светиот Отец и напомена: Во таа перспектива, заедно со кралот, потпишавме апел за Ерусалим, како светиот град би го сочувал наследството на човештвото и место на мирни средби, посебно за верниците од трите монотеистички религии.
Папата Фрањо ја спомна и посетата на Мавзолејот на Мухамед V, Заводот за образование на имами, какои и вниманието кое беше посветено на прашања поврзани со миграцијата. Токму во Макареш, во декември минатата година, е потпишан договор за сигурна, организирана и уредена миграција – рече Папата и додаде: Тоа е важен чекор на меѓународната заедница за преземање на одговорност: Папата Фрањо потоа повторно потсети на предлогот на Светиот Престол кој е содржан во четири глаголи: прифати, заштити, промовирај и интегрирај.
Во Мароко посебно впечатлив беше средбата со христијанската заедница – рече Папата и посебно ја спомна средбата во Центарот за социјална служба кој го водат сестрите Ќерки на милосрдието; средбата во катедралата со свештениците, богопосветените лица и Екуменскиот совет на Црквите, неделната света Литургија во спортскиот комплекс во Рабат. Тоа стадо во Мароко е мало и потоа се присети на евангелските слики за солта, светлото и квасецот (Матеј 5,13-16;13.33), читање кое го слушнавме на почетокот на оваа аудиенција
Не е важна количината, туку солта која има вкус, светлото кое свети и квасецот кој има сила да го скисне тестото – рече Светиот Отец и истакна: Тоа не доаѓа од нас, туку од Бог, Светиот Дух кој нѐ прави Христови сведоци, таму каде што сме, преку дијалог и пријателство. Илјадници луѓе од околу 60 националности присуствуваа на светата Литургија. Тоа беше убаво сведоштво на Божјиот народ во срцето на една исламска земја. Бог сака неговите деца да учествуваат во неговата радост, во славењето на простувањето и помирувањето. Само оној кој повторно е роден и живее во прегратките на Отецот, може во светот да биде слуга на надежта.
 

03 април 2019, 20:20