Пребарување

Папата за време на молитвата Царице небесна Папата за време на молитвата Царице небесна  

Царице небесна: Да бидеме сведоци на Христос воскреснатиот

Сите Евангелија ја истакнуваат улогата на жените, на Марија Магдалена и на другите како први сведоци на вскресението.

Да бидеме сведоци и навестители на Христос воскреснатиот – рече папата Фрањо пред молитвата Царице небесна во понеделникот на 22 април 2019 година и поттикна, денес и цела оваа недела да ја живееме воскресната радост на Исусовото воскресение кое вчера го славевме. На воскресното бдение покрај празниот Христов гроб одекнувале зборовите на ангелите. На жените кои в зори првиот ден после саботата отишле на грбот им рекле: „Зошто го барате живиот меѓу мртвите? Не е овде, воскресна!“ (Лука 24,5-6). Христовото воскресение претставува најпотресниот настан во човечката историја кој сведочи за победата на Божјата љубов над гревот и смртта – рече Папата. Се случило тоа што човечки било незамисливо: „Исуса Назареецот Бог Го воскресна, откако Го ослободи од врските на смртта.“ (Дела 2,22-24)
Денес на Светол понеделник денешната Литургија (Матеј 28,8-15) води кон Исусовиот празен гроб – рече Папата и потсети: Жените полни со страв и радост брзо отрчале да им соопштат на Неговите ученици и во тој момент им доаѓа во пресрет Исус. „Кога одеа да им јават на Неговите ученици, Исус ги пресретна и рече: „Радувајте се!“ А тие се приближија, ги опфатија нозете Негови и Му се поклонија.“ Исус од нивните срца го истерал стравот и ушт повеќе ги охрабрил за да им навестат на браќата она што се случило. Сите Евангелија ја истакнуваат улогата на жената, на Марија Магдалена и на другите како први сведоци на воскресението. Мажите се исплашиле и се затвориле во салата на Последната вечера. Петар и Иван на кои им соопштила Марија Магдалена само брзо отишле на гробот и утврдиле дека е отворен и празен. Но, жените се тие кои први се сретнале со Воскреснатиот и ја донесуваат веста дека е жив.
Денес и до нас одекнуваат Исусовите зборови кои им ги упати на жените: „Не бојте се; одете и соопштете“ (Матеј 28,10) – рече Светиот Отец и напомена, по обредите во пасхалната тридневница кои ни дадоа повторно да го проживееме таинството на смртта и воскресението на нашиот Господ, сега со очите на верата да го гледаме воскреснат и жив. И ние сме повикани лично да го запознаеме и да станеме Негови навестители и сведоци.
Овие денови со старата воскресна песна повторуваме: Христос, мојата надеж воскресна! – рече папата Фрањо и продолжи: Во Него и ние сме воскреснати преминувајќи од смрт во живот, од ропството на гревот во слободата на љубовта. Па, да дозволиме до нас да дојде утешителната воскресна порака и да нè обвитка со славното светло кое ја распрснува темнината, стравот и тагата. Воскреснатиот Исус оди со нас. Се покажува во оние кои Го повикуваат и љубат. Пред сè во молитвата, но и во едноставните радости кои се живеат во верата и благодарноста. Можеме да го почувтуваме Неговото присуство во споделувањето, во моментите на срдечност, пријателство и контемплација за природата.
Да ја замолиме Блажена Дева Марија да можеме со полни раце да црпиме мир и спокој од даровите на Воскреснатиот за да можеме да ги поделиме со браќата, посебно со оние на кои им е најпотребна утеха и надеж – заврши Папата.
 

23 април 2019, 10:14