Пребарување

Папата Фрањо упати апeл за Меѓународниот ден на спортот Папата Фрањо упати апeл за Меѓународниот ден на спортот 

Апел на Папата за 6. Меѓународен ден на спортот

На крајот од Генералната аудиенција на 3 април 2019 година папата Фрањо упати апел по повод 6. Меѓународен ден на спортот за развој и мир.

„Денес се одбележува 6. Меѓународен ден на спортот за развој и мир, кој го прогласија Обединетите нации. Спортот е универзален јазик кој ги опфаќа сите народи и помага при надминувањето на судирите и поцврсто поврзување меѓу луѓето. Спортот исто така е извор на радост и големи емоции, како и училиште во кое се обликуваат крепостите за човечки и општествен раст на луѓето и заедниците. Сакам сите вие да „заиграте“ во животот како во спортот“ – рече Папата Фрањо во својот апел.

04 април 2019, 11:05