Пребарување

Поплави во Иран Поплави во Иран 

Телеграма со сочувство од Папата за жртвите во Иран

Папата изрази жалост заради загубата на човечки животи предизвикани од поплавите во разните делови на Иран.

На 27 март 2019 година папата Фрањо во телеграма со сочувство која ја потпиша неговиот државен секретар кардиналот Пиетро Паролин изрази жалост заради загубата на човечките животи во поплавите кои погодија разни делови на Иран. Во молитвата за персоналот и службите кои се задолжени за итно делување и спасување, Папата го довери иранскиот народ на Провидноста на Семоќниот Бог.
Моментлно се зборува за најмалку 19 загинати, додека временските прогнози за таа земја најавуваат нови дождови. Затоа властите ги повикуваат граѓаните да не патуваат овие денови на одмор за персиската Нова година која започна со пролетната рамноденица на 21 март. Најголем број жртви има во Шираз главен град на јужната провiнција Фарс. Нови дождови се очекуваат посебно на северот и истокот на земјата, а предупредувањето е највисоко ниво е дадено за повеќе провинции вклучувајќи го и главниот град Техеран.
 

28 март 2019, 09:50