Папата се сретна со пратеници од Чешка и Словачка
Повторно откријте ја постоечката важна врска помеѓу Евангелието и културниот идентитет, вреднувајќи ги христијанските корени, за да изградите посолидарно и општество на прифаќање – со тие зборови папата Фрањо ги поттикна пратениците од Чешка и Словачка кои ги прими во Ватикан по повод 1150 годишнина од смртта на свети Кирил кој почина во Рим на 14 февруари 869 година.
Свети Иван Павле II заедно со неговиот брат Методиј ги прогласи за созаштитници на Европа покрај светиот Бенедикт. Кирил – рече папата Фрањо, знаел да воспостави односи на познавање и срдечност меѓу народите станувајќи алка на поврзување меѓу различните култури и црковни традиции. Се надевам дека толку значајното духовно и културно наследство во сите ваши сограѓани ќе ја побуди желбата за средба и отворање кон другите. Станува збор за тоа дека се знае заедно да се живее со различностите по патот на дијалогот, солидарноста, градејќи мостови и рушејќи ги пречките на недовербата и предрасудите. Со таквото однесување стануваме сведоци на солидарноста и творци на мирот – рече Папата.
Од друга страна – истакна папата Фрањо, посланието на двајцата солунски браќа засекогаш ја обележало историјата, уметноста и целата култура на Република Чешка и Република Словачка. Од тие двајца светци се до нашите денови доаѓаат духовни и културни богатства, тоа морално наследство кое треба да се чува и се повеќе да се вреднува. Вашата историја покажува дека христијанството секогаш било изворот на надежта и силата за обнова посебно во најмрачните и најтешките периоди – рече Папата.
Составувајќи го словенското писмо и преведувајќи ја Библијата на стар словенски јазик го пружиле дарот на верскиот живот, но и културата на развојот на тие простори. Библиско-христијанската порака помогнала во раѓањето на правната држава во вашите како и во блиските земји. Во христијанството кое се навестува преку проповедање и славење на Литургија, се оствари епохална промена во вашето општество – рече Светиот Отец.
Огромното дело на евангелизација на словенските апостоли, направено со апостолски жар од страна на свети Кирил и неговиот брат во вашите земји претставува пример за инкултурација, кој се уште е валиден во своите основни елементи. Имено Евангелието не го ослабнува она вистинското што се наоѓа во различните локални култури туку им помага на поединците и заедниците да го препознаат и остварат доброто, вистината и убавината – истакна Папата и на крајот на присутните политичари им посака преку важна јавна должност секој ден да бидат протагонисти на братството и јасни и беспрекорни промотори на општото добро, пружејќи надеж на своите народи на кои повика Божји благослов.