Пребарување

4-10.09.2019 Logo Madagascar, Viaggio Apostolico Papa Francesco in Mozambico, Madagascar e Maurizio 4-10.09.2019 Logo Madagascar, Viaggio Apostolico Papa Francesco in Mozambico, Madagascar e Maurizio 

Папата во септември ќе патува во Мозамбик, Мадагаскар и Маврициу

Привремениот директор на Канцеларијата за печат при Светиот Престол Алесандро Гизоти соопшти дека папата Фрањо од 4 до 10 септември оваа година ќе ги посети Мозамбик, Мадагаскар и Маврициус

Прифаќајќи ги поканите на шефовите на државите и бискупите, папата Фрањо ќе отпатува во Апостолска посета на Мозамбик, Мадагаскар и Маврициус, од 4 до 10 септември оваа година и при тоа ќе ги посети Мапуто во Мозамбик, Антанариво на Мадагаскар и Порт Луис во Маврициус – објави привремениот директор на Канцеларијата за печат при Светиот Престол, Алесандро Гизоти
Лого и мото
Надеж, мир и помирување“ е мотото за патувањето во Мозамбик. На логото се гледа земјата обележана географски, папата Фрањо и голубица, симбол на мирот. Има и две раце кои го симболизираат гостопримството со кое Мозамбик го дочекува Папата како и порака за „надеж, мир и помирување“, која Папата ја донесува на мозамбиканскиот народ. Сето тоа е прикажано во петте бои на мозамбиканското знаме – зелена која е поврзана со надежта, црвена која го симболизира помирувањето, белата која означува мир, жолта која го претставува Ватикан и црна боја.
„Сејач на мирот и надежта“ е мотото на посетата на папата во Мадагаскар. На логото е претставена билката Равинал, односно „патувачкото дрво“ и стеблото баобаба. Покрај ликот на Папата се наоѓаат и неколку светци.
„Папата Фрањо – поклоник на мирот“ се зборовите кои го сочинуваат логото избрано за неговата посета во Маврициус. Во позадина на логото се наоѓа знамето на таа африканска земја, а во прв план е прикажан Папата како го поздравува народот.
 

29 март 2019, 09:52