Пребарување

Папата на света Литургија во домот Света Марта Папата на света Литургија во домот Света Марта 

Да го молиме Господ за свесност за припадноста кон народот

На светата Литургија во домот Света Марта папата Фрањо повторно посебно ги спомна уметниците и го молеше Бог да ги благослови. Во проповедта потсети дека да се биде христијанин значи да му припаѓаш на народот кој Бог бесплатно го избра. Ако за тоа не сме свесни паѓаме во најопасните застранувања: во догматизми, морализми, во елитни движења.

Папата Фрањо на 7 мај 2020 година на литургијата во Домот Света Марта повторно посебно се молеше за уметниците. Вчера добив писмо од една група уметници; се заблагодарија за молитвата која што ја кажавме за нив. Сакам да го молам Господ да ги благослови, затоа што уметниците ни помагаат да разбереме што е убавина, а без убавото, евангелието не може да се разбере. Да молиме уште еднаш за уметниците – охрабри Папата.

Во проповедта се осврна на првото читање од денешната литургија, земено од Делата на светите апостоли (Дела 13, 13-25), кое зборува за Павле, кој пристигнува во Антиохија Писидиска, објаснувајќи ја во синагогата историјата на израелскиот народ, навестувајќи дека Исус е очекуваниот Спасител. Кога Павле го толкува новото учење за навестувањето на Исус – рече Папата – тој зборува за историјата на спасението. Што стои зад Исус? – праша Папата. Овде е историјата на милоста, историја на избирање и историја на ветување.

Господ го избра Авраам и одеше со својот народ. Затоа, кога од Павле се бара да ја објасни причината за верување во Исус Христос, тој не започнува од Исус Христос, туку од историјата. Христијанството е учење, но не е само тоа – забележа Папата. Тоа не се само работи во кои веруваме, туку тоа е историја која носи учење кое е Божјо ветување, Божји завет, Божји избор. Христијанството не е само етика; има и морални принципи, но ние не сме христијани само со етички видувања. Христијанството е повеќе од тоа.

Христијанството не е елита на луѓе избрани поради вистината. Таа елитистичка смисла се провлекува во црквата кога се вели: Јас сум онаа инстутуција, јас припаѓам на движењето кое е подобро од твоето… – рече Папата и истакна дека тоа не е христијанство. Христијанството е припаѓање на народот кој Бог бесплатно го избра.

Затоа Павле толкувањето за Исус го започнува од припадноста на народот – напомена Папата и истакна: Често паѓаме во таква пристрасност, без оглед дали се догматски, морални или елитистички. Треба да ја пренесуваме историјата на нашето спасение, споменот на луѓето, свеста дека сме народ, a во таа историја на Божјиот народ, сè до Исус Христос, имаше многу светци, грешници и многу едноставни, добри луѓе со доблести и гревови.

Најопасното пребегнување на христијаните, денес и секогаш, е без сомнение недостаток на сеќавања за припадноста на народот – истакна Папата. Кога тоа недостасува доаѓа до догматизам морализам, етицизам, до елитни движења. Недостасува народ. Народ кој е грешен, сите сме грешни, но кој сепак ќе сфати дека е избраниот народ кој оди зад ветувањата, и кој воспостави сојуз – истакна Папата. На крајот ги охрабри верниците да молат од Господ за таа свест на народот; ние сме свет верен Божји народ кој има чувство на вера и непогрешлив е во тоа верување – рече Папата Фрањо.

08 мај 2020, 11:35
Прочитајте сé >