Пребарување

Папата Фрањо на света Литургија во домот Света Марта Папата Фрањо на света Литургија во домот Света Марта 

Нека решенијата на кризата предизвикана од коронавирусот биде во корист на луѓето, а не на парите

На светата Литургија во домот Света Марта, папата Фрањо посебно се молеше за политичарите и научниците да го пронајдат вистинскиот пат за решение на кризата која ја предизвика коронавирусот. Во проповедта зборуваше за изборот помеѓу животот на народите и богот на парите. Ако се изберат парите, се избира патот на гладот, ропството, војните, фабрики за оружје, деца без образование

Денес се молиме за владетелите, за научниците и политичарите, кои започнуваат да бараат решенија за времето после пандемијата; за тоа „после“ кое веќе започна; да го пронајдат вистинскиот пат, секогаш во корист на луѓето, секогаш во корист на народите – рече папата Фрањо на почетокот на светата Литургија која ја служеше во домот Света Марта на 13 април 2020 година. Во проповедта се осврна на Евангелието за денешната Литургија, и кажа дека тоа ни нуди избор кој важи и денес: надеж во Исусовото воскресение и носталгија за гробот. Подобро е да не живееме со отворен гроб, затоа што ќе ни донесе многу проблеми.

Свештеничките поглавари затоа одлучуваат да го сокријат тој факт плаќајќи за молчењето. Тоа е вистинска корупција – рече Папата и додаде: Ако не Го исповедуваш Исус Христос Господ размисли заради што; каде е печатот на твојот гроб, каде е корупцијата. Вистина е дека многу луѓе не го исповедаат Исус затоа што не Го познаваат, затоа што ние не го навестуваме доследно; и тоа е нашата вина. Но, кога пред очигледна вистина се тргне по тој пат, тоа е ѓаволски пат, патот на корупцијата.

И денес кога ќе заврши пандемијата ќе се најдеме пред таква можност: или ќе се одлучиме за животот, за воскресението на народот или за богот пари; ќе се вратиме во гробот на гладот, ропството, војните, фабриките за оружје, деца без образование... таму во гробот. Нека Господ во нашиот личен, како и општествен живот секога ни помогне да го избереме навестувањето кое е хоризонтот, секогаш отворен, нека ни даде да избереме добри луѓе; никогаш да не паднеме во гробот на богот на парите – рече на крајот папата Фрањо.

18 април 2020, 08:47
Прочитајте сé >