Пребарување

Папа Фрањо Папа Фрањо   (Vatican Media)

Папата Фрањо молеше за разборитост во придржувањето кон новите мерки

На светата Литургија во Домот Света Марта во вторник 28 април 2020 година., Папата Фрањо молеше за разборитост во придржување на мерките, кои се донесени за ублажување на карантинот, за да не се врати пандемијата коронавирус.

Славејќи ја светата Литургија во домот Света Марта во вторникот во 3. Велигденска недела, Папата Фрањо се осврна на ублажувањето на мерките за пандемијата на коронавирус. „Боже, дај му на својот народ разборитост во справувањето со пандемијата”, молеше Светиот Отец. Загрижен за неодговорните реакции на луѓето на пропишаните однесувања за време на карантинот, го молеше Бог на почетокот на олабавувањето на мерките на својот народ и на сите нас да ни даде милост за разборитост и послушност кон прописите за да се запре заразниот бран кој предизвика смрт и болка на многу луѓе.

Во проповедта ги повика верниците да не ги прозиваат одговорните со секојдневните брборења, предизвикувајќи криви судови за луѓето. Осврнувајќи се на говорот на свети Стефан, кој го храбреше народот, советниците и книжниците кои го осудиле врз основа на лажни сведоштва и го одвеле надвор од градот за да го каменуваат, Папата примети дека така постапија и со Исус, настојувајќи да го убедат народот дека е богохулник. Светиот Отец нагласи дека мачеништва се случуваат и денес и го даде примерот на Асија Биби која поминала многу години во затвор поради клевета и лажни сведочења.

Пред лавината на клеветањата, која создава во луѓето лажни уверувања, често е невозможно нешто да се превземе, истакна Папата, наведувајќи дека тоа било случај и со прогонството на Евреите. „Создадени се лажни мислења за еден народ за да го уништат. Постојат и помали секојдневни линчувања со кои се обидуват да ги осудат луѓето, озлогласувајки ги” - речеПапата.

Како пример ги наведе секојдневните озборувања, кои во луѓето создаваат уверување дека треба да бидат осудени. „Вистината е јасна и транспарентна и доведува до секојдневни вистински сведоштва” - речеПапата и ги повика верниците да размислат во употребувањето на своите зборови бидејќи често токму од нашите коментари започнува линчување на невини луѓе. Додаде дека тоа важи и за христијанските установи.

„Да го молиме Бог да ни помогне да бидеме праведни во донесувањето на нашите судови, за да не следиме во масовните осуди предизвикани од гласините”, заклучи Светиот Отец.

29 април 2020, 19:26
Прочитајте сé >